ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Почесто пријавување на загадувачите за почист воздух

Покрај зголемувањето на бројот на инспектори на терен, потребно е воведување и на дежурства, да зачестат вонредните инспекциски надзори врз помалите и поголеми загадувачи. Потребно се и обуки за инспекторите за зајакнување на нивните капацитети, да се зголеми времетраењето на надзорот

October 29, 2019 18:22
in ЗЕЛЕНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ако се сакаме себе си, ќе направиме се што е возможно за да влијаеме и да го намалиме аерозагадувањето. Можеби јас како индивидуа не можам да го намалам загадувањето, но ако сите заедно делуваме, почесто пријавуваме и најдеме начини како да се справиме и со поголемите загадувачи, се надевам дека оваа зима ќе дишеме малку почист воздух.

Ова денеска го порача Наташа Амдиу, претседателка на Зелениот институт на јавната дебата „Платформа за координација и граѓанско учество во инспекциски надзор врз загадувачите на воздухот“ што се одржа во Општина Аеродром, пренесува МИА. Таа додаде дека овој проект е поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, а тие го надградиле и прошириле. Во рамки на проектот била спроведена анкета во општините Карпош, Аеродром, Гази Баба и Центар со дел од загадувачите, односно помалите загадувачи со Б-интегрирани дозволи или само со елаборат за животна средина.

Одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на јавната дебата, Амдиу рече дека на терен недостигаат повеќе инспектори, нивниот број треба да се зголемим и додаде дека и полицијата според Законот за јавна чистота има надлежност да постапува во случај ако има палење и сл. Граѓаните можат да се обратат и до полицијата, која има можност и да приведе лице доколку го затекне на терен.

Покрај зголемувањето на бројот на инспектори на терен, потребно е воведување и на дежурства, да зачестат вонредните инспекциски надзори врз помалите и поголеми загадувачи. Потребно се и обуки за инспекторите за зајакнување на нивните капацитети, да се зголеми времетраењето на надзорот.

Според нивните податоци, најмногу изречени мандатни казни од општинските инспектори има во Општина Центар по Законот за бучава, а во другите општините е помал бројот.

Амдиу рече дека од минатата година и како резултатот на соработката со Инспекторатот на Град Скопје во процедура е измена на Правилникот за гранични вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот. Изрази надеж дека тој набрзо ќе биде усвоен.

Советничката во Општина Аеродром Ивана Здравеска информира дека ја спровела анкетата во Општина Аеродром на загадувачите или главно тоа се сервиси на автомобили над кои имаат надлежност.

– Анкетата покажа дека е потребно да се направат измени во Правилникот, да се изменат граничните вредности со цел инспекторите да можат соодветно да делуваат. Потребно е итно да се променат правилниците и да им се озвоможи на инспекторите да си ја завршат соодветно работата. Проблемот со загадувањето е сериозен проблем, кој се провлекува подолг временски период и сите заедно, здружени можеме да направиме многу повеќе, рече Здравеска.

Next Post

Манчевски се обрати на Европскиот форум за сајбер безбедност

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk