Извештаите презентирани на страната МојДДВ покажуваат дека во вториот квартал од МојДДВ кој стартуваше на 01.10.2019 заклучно со 14.11.2019 скенирани се 12.935.870 сметки, a остварен промет 6.221.525.720 денари.
Вкупниот ДДВ е 673.875.484 денари, а поврат 15 % од ДДВ кај граѓаните е 101.081.323 денари, или 1.644.000 евра
Од 1 јули 2019 до 14 ноември 2019 година, вкупниот поврат кај граѓаните изнесува 5 милиони евра, пари кои ќе бидат исплатени на трансакциските сметки кај граѓаните.
Мој ДДВ ги враќа парите кај граѓаните и ја намалува неформалната економија, известуваат од МојДДВ и потсетуваат дека повратот од првиот квартал на МојДДВ за месеците (јули, август и септември) ќе биде исплатен до крајот на декември 2019 година.
За месеците (октомври, ноември, декември) во февруари 2020 год.
За месеците ( јануари, февруари, март) во мај 2020 год.
За месеците (април, мај, јуни) во август 2020 год.
За месеците (август, септември и октомври) во ноември 2020 год.
Апликацијата МојДДВ е достапна за симнување преку следниот линк МојДДВ.
Сите кои се регистрирани на системот “е-Персонален данок“, преку апликацијата МојДДВ имаат можност да гo скенираат баркодот од фискалните сметки и да го остварат правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.
Целта на мерката е да се сузбие сивата економија и да се вратат парите кај граѓаните.