ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Условна за контролор на „Дурмо турс“ – Видел дека е оштетена пломбата од тахографот ама молчел

Обвинителот на рочиштето рекол дека причината поради која обвинетиот го аминувал таквото дејствие не се 2.500 денари колку што наплатил, туку ситуацијата во која што бил доведен – земи или остави.

November 16, 2019 12:50
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинет во издвоена постапка за несреќата кај Ласкарци кон средината на октомври призна вина пред судот и доби условна казна затвор од 2 години ако во наредните 5 не го повтори делото како и забрана за работа од пет години. Судијката Славица Андреевска го осуди гостиварецот со иницијали В. Г. за несовесно работење, бидеќи, иако знаел дека дека има вграден уред за лажирање на брзината во автобусот на „Дурмо Турс“, издал потврда за извршена проверка, објави А1он.

Во образложението на пресудата пишува: „И покрај тоа што пломбата која го спречува неовластеното отварање на куќиштето на тахографскиот уред била оштетена и постоел вграден уред за манипулација на реалната брзина која ја бележи тахографот, обвинетиот издал потврда дека проверката е извршена“. Обвинетиот пополнил налепница, со што потврдил дека тахографот е исправен и одговара на пропишаните барања.

В. Г. му овозможил на „Дурмо турс“ и на одговорното лице, Дурмиш Белули, да поседуваат доказ за исправноста на тахографот во автобусот за да може да учествува во сообраќајот на јавните патишта, а притоа возачите кои го управувале автобусот да избегнуваат казни за сообраќајни прекршоци предвидени во член 38 од „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, поради пречекорување на дозволената брзина на движење на автобусот“.

„Обвинетиот делото го сторил на 05.01.2018 година, што укажува за безобѕирноста и начинот на кој функционирал превозникот „Дурмо турс“ и „Автомото Здружението Гостивар“. Не само што сами на себе дефакто си вршеле контрола на исправноста на превозните средства – автобусите, туку имале и овластување и тахографските уреди во автобусите кои сами ги манипулирале, истите врз основа на ова решение да ги оценат дали се исправни или не. Меѓутоа, и покрај тоа што оваа работа заради која што сега одговара обвинетиот, можеле сами да ја завршат, му ја доделиле на обвинетиот, тој да ја заврши и да ја „аминува“ исправноста на тахографскиот уред“ пишува во пресудата.

Обвинителот на рочиштето рекол дека причината поради која обвинетиот го аминувал таквото дејствие не се 2.500 денари колку што наплатил, туку ситуацијата во која што бил доведен – земи или остави.

Во сообраќајната несреќа кај Ласкарци, загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени. За овој настан кој ја вознемири и шокираше јавноста се води засебен судски процес.

Целиот текст можете да го прочитате на А1он.

 

Next Post

Притворен маж од Арачиново, расчистено кривично дело „убиство“

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk