ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

РКЕ: Македонија е шампион во реформите во сите енергетски сектори

Вкупниот просек на спроведувањето на реформите во енергетската област согласно со обврските од Договорот за  Енергетска заедница на државава е 59 проценти, ја рангира на второ место од деветте земји кои се споредуваат. Годишниот пораст на Република Северна Македонија е 10 проценти

November 19, 2019 12:00
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупниот просек на спроведувањето на реформите во енергетската област согласно со обврските од Договорот за  Енергетска заедница на државава е 59 проценти, ја рангира на второ место од деветте земји кои се споредуваат. Годишниот пораст на Република Северна Македонија е 10 проценти, пренесе МИА.

Тоа е наведено во денеска објавениот „Годишен извештај за имплементација“ изработен од Секретаријатот на Енергетската заедница, кој го прикажува напредокот при спроведувањето и имплементацијата на европското законодавство на земјите-договорни страни на Договорот за основање на Енергетската заедница.

Извештајот, како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика  и водни услуги на РСМЕ (РКЕ), нотира дека Република Северна Македонија е „шампион во реформите во сите енергетски сектори“.

РКЕ е рангирана на прво место во напредокот при спроведување и примена на европското законодавство согласно со Договорот за основање на Енергетската заедница и е оценета со 78 проценти.

-Во изминатите 17 месеци Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија успешно го имплементираше Законот за енергетика и Третиот енергетски пакет на Европската унија, преку донесување и одобрување на 33 подзаконски акти, што беше голем предизвик имајќи ги во предвид кратките рокови и сложеноста на прашањата со кои се регулира енергетскиот сектор. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија успешно ги спроведе: сертификацикацијата на операторот на електропреносниот систем; правното, функционалното и оперативно раздвојување на операторот на електродистрибутивниот систем; работењето на универзалниот снабдувач со електрична енергија; либерализацијата на пазарите на енергија; намалувањето на цените и тарифите на енергијата и услугите кои ги користат потрошувачите, соопшти РКЕ.

Next Post

Спасовски: Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан испраќа јасна порака за европската перспектива на регионот

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk