Љубе Бошкоски, кој денеска сведочеше во случајот „Тортура“, направи паралела меѓу неговиот случај и најновите откритија за злоупотребите во изборната кампања на претседателските избори оваа година.
„Ревизорот откри дека кампањата за Гордана Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ е непокриена 400.000 евра. Очекувам, во една транспарентна судска постапка да се докаже дека Јанушев и други во ВМРО-ДПМНЕ, извршиле дело спротивно на Изборниот законик“ – изјави Бошкоски.