ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Воени доктори ќе работат и во јавното здравство

Во Воено медицинскиот центар работат повеќе од 20 специјалисти

November 25, 2019 16:25
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
– Во измените на Законот за служба во Армијата, кој е во собраниска процедура предвидовме и законска рамка во која одреден број лица кои работат во Воено медицинскиот центар, а имаат медицинска, стоматолошка или фармацевтска струка ќе можат одреден број часови да работат и во јавното здравство. Тоа ќе биде плус за јавното здравство и за пациентите, и ќе биде и за нив шанса да имаат дополнително искуство и да имаат и дополнителни примања. На ваков начин ќе ги јакнеме капацитетите особено со специјалистички кадар, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пренесе МИА.


Таа заедно со министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше состанок со претставници на Генералштабот на Армијата и група вработени во Воено медицинскиот центар, на кој, како што посочи, зборувале за начините на кој начин јавното здравство и тие кои работат во Армијата, во медицинскиот, фармацевтскиот и стоматолошкиот дел можат подобро да соработуваат и да бидат поефикасни.
Се сложивме, истакна министерката, дека системот на јавно здравство ако не биде флексибилен многу потешко ќе функционира и ние го правиме нашиот придонес во делот на Армијата.

– Во Воено медицинскиот центар работат повеќе од 20 специјалисти, имаме дополнителен број помлади колеги кои во моментов се на специјализација и тие нивните знаења и искуства не можат доволно да ги применат доколку работат исклучиво за потребите на Армијата. На ваков начин тие ќе помагаат и во јавното здравство, а во Законот предвидовме и луѓе од јавното здравство да можат заедно со нив да учествуваат на пример на одредени НАТО мисии кои се добра финансиска инјекција за нивните семејни буџети. Сметаме дека на ваков начин ќе имаме поголемо задоволство во нашиот Воено медицински центар, но ќе имаме и повеќе шанси и капацитети и во јавното здравство, рече Шекеринска.

Дополнително со Законот, појасни, сите цивили кои работат во Армијата добиваат дополнителни приходи заради тоа што нивните плати долго време биле потценети.

– Имавме случаи во Воено медицинскиот центар личност која има Медицински факултет да има помала плата од лицата кои работат со неа во канцеларија, а се со средно образование. Сега тоа го решаваме и со новиот Закон, меѓутоа врската меѓу Воено медицинскиот центар и јавното здравство сметаме дека ќе биде голема шанса за медицинскиот кадар, а ќе биде плус и за капацитетите кои ни се потребни на сите нас како граѓани и како потенцијални пациенти, додаде Шекеринска.
Министерот Филипче рече дека во рамките на Министерството за здравство се изготвува стратегијата за човечките ресурси во здравство од 2020 до 2026 година и таа ќе биде промовирана на почетокот на 2020 година. Во таа смисла, посочи, веќе направивме измена во Законот за здравствена заштита со цел секој доктор односно тим заедно со медицинска сестра да биде максимално искористен.

– Од една страна да ги искористиме специјалистите таму каде немаат доволно работни обврски во рамките на својата специјалност односно сакаат да прават и дополнителна дејност, како на пример хируршка дејност. Воено медицинскиот центар е класичен пример за тоа заради тоа што порано бил во рамките на Воената болница, сега ГОБ „8 Септември“, меѓутоа на колегите им е скратена можноста да работат во операционите сали. Во таа смисла Законот за здравствена заштита прво дозволува сега работа на сите специјалисти во рамките на јавното здравство во здравствените домови каде нема специјалисти од одредена област. Така ја носиме здравствената услуга поблиску до пациентите, до граѓаните со цел да се намали притисокот кон регионалните болници или кон клиниките во Скопје, рече Филипче.

Според него, со оваа соработка благодарение на измената на Законот за служба ќе им овозможи на сите вработени во Воено медицинскиот центар прво да ја надградуваат својата експертиза, дополнително да заработат и јавното здравство да има бенефит заради тоа што ќе има надополнување на кадарот таму каде најмногу недостига прво преку дежурствата, а понатаму и вклучување преку системот „МојТермин“ и за одредени интервенции за кои имаат експертиза и порано ги правеле.

– Овој центар ќе биде атрактивен и за младите лекари заради тоа што освен овие обврски кои ќе ги имаат во рамките на Воено медицинскиот центар врзани за Армијата дополнително опциите кои ќе се отворат благодарение на тие дополнителни опции внатре во НАТО системот, сепак ќе се најдат и во системот на јавното здравство, додаде Филипче.
Next Post

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас утре во Скопје

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk