ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Заев: Спортистите и спортските ветерани добиваат повластени услови за пензиско и здравствено и приход по завршување на спортската кариера

Покрај постоечките финансиски средства, Владата во 2020 година вбризгува дополнителни четири милиони евра за развој на македонскиот спорт преку модифициран и приспособен ваучерски систем, со што вкупната финансиска поддршка ќе изнесува 10 милиони евра, истакна премиерот Зоран Заев на денешната конференцијата „Спортот за државата, државата во спортот“, во организација на Асоцијацијата на спортски новинари и Македонскиот олимписки комитет со поддршка од Агенција за млади и спорт

November 28, 2019 17:59
in СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Покрај постоечките финансиски средства, Владата во 2020 година вбризгува дополнителни четири милиони евра за развој на македонскиот спорт преку модифициран и приспособен ваучерски систем, со што вкупната финансиска поддршка ќе изнесува 10 милиони евра, истакна премиерот Зоран Заев на денешната конференцијата „Спортот за државата, државата во спортот“, во организација на Асоцијацијата на спортски новинари и Македонскиот олимписки комитет со поддршка од Агенција за млади и спорт, пренесе МИА.

Заев апелираше апел до сите бизнисмени и приватни компании во државата да ја искористат можноста да си купат ваучер наместо да платат данок на добивка до 50 проценти од својата добивка, за да го помогнат спортот со пари што инаку повторно ќе ги платат во државниот буџет.

– Ја унапредивме и интензивиравме соработката меѓу државните институции, олимпискиот комитет и спортските федерации. Мораме сите заеднички и инклузивно да работиме со сите свои капацитети за да ги елиминираме сите девијантни појави во спортот како допингот, хулиганството, насилството и криминалот за да го ставиме спортот високо на пиедесталот на вредности“, нагласи премиерот.

Како клучен проект во делот на спортската инфраструктура, Заев ја истакна изградбата на Домот на спортови во општина Аеродром.

– Таму сме во напредна фаза. Му се радуваме на тоа што го создаваме и останува за векови на нашиот македонски спорт. Од годинава тандем наставници предаваат физичко во прво одделение и сукцесивно до петто одделение, како што е предвидено и со Законот. Реформата „тандем-партнер наставници“ за да го подобриме квалитетот на наставата по физичко образование, да ги унапредиме физичките способности, моторните вештини и знаењата од областа на физичката и здравствена култура. Очекуваме и голем успех во отстранување на сколиоза и сите други видови на деформитети кои се јавуваат кај младите генерации, рече Заев.

За решавањето на еден од најголемите проблеми со спортските сали и враќањето на салите назад кон спортистите и граѓаните, кон општините и спортските федерации, премиерот Заев рече дека со тоа се исправа децениска неправда, и по долгогодишните лавиринти и манипулации со спортските објекти, тие повторно се ставаат во функција на спортистите и граѓаните.

Салата Кале сега ја користи кошаркарската федерација. Вратени се објектите на општина Куманово, општина Радовиш, се бараат соодветни локации за другите федерации и денови се во прашање од враќањето на салата Партизан на општина Карпош. На добар пат сме и конечно да го затвориме Јавното претпријатие за стопанисување со спортските терени и објекти, посочи Заев.

Премиерот потврди дека се прават анализи и се согледуваат најдобрите модели за да се овозможи на спортистите како најголеми амбасадори по завршувањето на кариерата да бидат третирани онака како што доликува.

– Тие се оставени на маргините на општеството, без ден работен стаж, без здравствено осигурување и најчесто без алтернативна професија и образование кое го испуштиле градејќи спортска кариера. Овие лица не смеат да бидат заборавени од општеството. Ќе го надминеме трајно и системски и ова, и нашите ветерани ќе добијат повластени услови за пензиско и здравствено осигурување и пензија, приход или плата којашто мора да биде обезбедена, заклучи Заев.

Next Post

Започнува „Гитаријада 2019“ во Куманово

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk