ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Започнува „Гитаријада 2019“ во Куманово

Утре (петок, 29 ноември 2019) во Занаетчиски дом – Куманово, почнувајќи во 18:30 часот ќе се одржи Гитаријада 2019.  Од бендовите пријавени на конкурсот, одлучено е во натпреварувачкиот дел да настапат 9 бенда: кумановските `Wardenclyffe`, `Cursed Heart` и `Rubin`, со скопските `Fiction` и `Ruststained` и кичевските `Inner Hate` и `Halfgod`, како и велешаните `Zima Blue` и битолчаните `Misanthrope`

November 28, 2019 18:19
in КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Утре (петок, 29 ноември 2019) во Занаетчиски дом – Куманово, почнувајќи во 18:30 часот ќе се одржи Гитаријада 2019.  Од бендовите пријавени на конкурсот, одлучено е во натпреварувачкиот дел да настапат 9 бенда: кумановските `Wardenclyffe`, `Cursed Heart` и `Rubin`, со скопските `Fiction` и `Ruststained` и кичевските `Inner Hate` и `Halfgod`, како и велешаните `Zima Blue` и битолчаните `Misanthrope`.

Најпрви ќе настапат кумановските рок-ветерани (како што ги именува организаторот).

„Берлински ѕид“ ќе настапат пред публика за прв пат после 1996 година . Оттогаш престанале со активности. Две години претходно го имале издадено нивниот албум `Црна дама` (1994). Составот со кој ќе се претстават е со скоро сите членови од тој момент на нивното постоење (без басистот и бубњарот). Како што ни кажа Ѓорѓи Спасовски (едниот од двајцата гитаристи): „Oва ќе е потсетување на убави денови со рокенрол. Постои желба пак да се собереме, и да покажеме дека сеуште умееме и можеме да пренесеме позитивна вибрација”.

`ЕкаНика` постоеле во период 1985-1997, со мала пауза при крај на `80-тите кога отслужувале воени рокови. Според она што ни кажаа: “Кога еднаш жива свирка ќе влезе во крвта, таа никогаш не излегува – секоја активност носи доза на адреналин и задоволство.”, може да се очекува да настапат со оригинална енергија, во основниот состав со заменски членови на бас и клавијатури.

`Лектира` e проект на Марјан Маневски – Африка, кој преку даскалско-подучувачка мисија во последниве 15 години им дава наук на млади рок музичари. Самиот Марјан (како поранешен член на `КУ`, `Викторија`, `Царски рез` и `Севар`) работи на тоа неговите соработници да настапуваат исклучиво со нивна авторска музика. На оваа Гитаријада ќе настапи моменталниот бенд од 6 члена.

`Тумба` постоеле од 1981-1986 година, a на нашето прашање во кој состав ќе настапат сега, клавијатуристот Зоран Краљевски одговори: „Воопшто не е важно –  сè е на куп. Микс.“. Лежерноста на ваквиот одговор наведува на тоа дека е можно да се добро искулирани и фино спремени за добра свирка.

„Илинден` биле победници на Гитаријадата од 1983 година одржана во кумановска `Соколана`.

Како гости на фестивалот ќе настапат српските бендови „Majdan“ и „Тhere“, црногорците „Parampascad & Bubnjivi“, како и македонскиот „Тhe Three Of Us“.

Како што ни кажа Стефан Пантовиќ од „Parampascad & Bubnjivi“`, тие доаѓаат да настапат по покана и препорака на членовите од кумановскиот бенд `KI`, со кои се имаат сретнато и дружено по фестивали. Според негови зборови, немаат доаѓано претходно во Македонија и едвај чекаат се запознаат со овдешни музички колеги. За настапување со постарите колеги, сметаат дека во рок-музиката не постои судир на генерации и дека рок-музичари се вечни деца заради што нема да имаат проблем меѓусебно да се “сконтаат” и да уживаат заедно.

Влезот на кумановска Гитаријада 2019 во Занаетчиски дом – Куманово ќе е слободен (бесплатен) за сите посетители. Почеток е закажан во 18:30 часот во петок, 29.11.2019.

Next Post

Заев до Ѓорчев: Ќе ве победиме со разлика помеѓу 60 и 120 илјади гласови

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk