Во четвртокот, околу 21.45 часот во близина на угостителски објект на ул.„Крсте Мисирков“, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Д.(30) и В.Т.(21), и двајцата од Скопје.
Имено, тие по претходна расправија, го нападнале со остар предмет В.А.(39) од Скопје. По настанот В.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.