ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пуштен во употреба лифт за лица со физичка попреченост во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“

Градоначалникот Марин истакна дека овој ден е добар повод да се потсетиме на потребите и проблемите што ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби.

December 4, 2019 14:45
in РЕПУБЛИКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и американската заменик-амбасадорка во земјава, Џенифер Р. Литлџон, денеска свечено го пуштија во употреба лифтот за лица со физичка попреченост во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“. На свеченоста присуствуваа и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, како и секретарот на Општината, Марица Ѓурческа.

„Искрено ја поздравувам и сум инспирирана од напорната работа што се одвива во ова училиште за едуцирање и подготовка на иднината на Северна Македонија во која се опфатени сите потреби и способности. На сите деца треба да им биде обезбедено правото на рамноправно и лесно достапно образование“, изјави заменик-амбасадорката Џенифер Р. Литлџон.
Градоначалникот Марин истакна дека овој ден е добар повод да се потсетиме на потребите и проблемите што ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби.
„Но сепак не е доволно само еден ден во годината за да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите“, изјави Марин, кој истовремено му се заблагодари на американскиот народ за оваа значајна донација. Тој додаде дека Општина Аеродром ќе продолжи со решенија за достапност и за полесно вклучување на сите припадници на ранливата категорија во социјалната средина и полесно извршување на сите активности. Инаку, лифтот е донација од американскиот народ и чини 60.000 долари, а со неговата изградба учениците со попреченост ќе можат полесно да се движат низ училиштето и ќе бидат самостојни во извршувањето на своите задачи.
Општина Аеродром со денешното свечено пуштање на лифтот истовремено го одбележа 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.
Next Post

Заев: Македонската иднина е гарантирана со вакви сојузници

Shortcut

Најново

Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk