ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Објектот „Пчелка 2“ во населба Лисиче преминува на еколошко затоплување

Инвертер-климите се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање, а со новиот начин на загревање се очекува покрај намалување на трошоците да се придонесе и за заштита на животната средина.

December 17, 2019 12:20
in ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Објектот „Пчелка 2“ во рамките на детската градинка „Буба Мара“ од затоплување со нафта преминува на инвертер-клими.

Градинката што се наоѓа во населба Лисиче денеска ја посетија градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.
Инвертер-климите се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање, а со новиот начин на загревање се очекува покрај намалување на трошоците да се придонесе и за заштита на животната средина.


„Со ова Општина Аеродром ќе штеди пари. Досега во текот на зимскиот период се трошат околу 14 тони нафта, тоа е некаде околу 12,5 илјади – 13 илјади евра. Сега со помош на имплементацијата на планот за чист воздух сметките ќе бидат четири пати поевтини“, изјави заменик-министерот Макрадули.


Повеќето објекти на основните училишта и детските градинки на територијата на Општина Аеродром се затоплуваат преку централното градско греење. Минатата година подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче од загревање со нафта, премина на загревање со пелети.


„Општина Аеродром континуирано работи на обезбедување нови еколошки начини на загревање во детските градинки и училиштата“, изјави градоначалникот Марин.


Остануваат уште два објекта кои во текот на следната година од нафта ќе преминат на нов начин на затоплување, со што во Општина Аеродром нема да постои јавна установа што се загрева на нееколошки начин.


Градоначалникот Марин посочи дека Општина Аеродром има издвоено околу 25 милиони денари од буџетот за заштита на животната средина.


Општината изминатиот период додели субвенции за набавка на велосипеди, печки на пелети, инвертер-клими и чистење оџаци, со што значително се придонесува во зачувувањето на животната средина.
Периодов се спроведува голема акција за засадување на 5.500 зимзелени и листопадни дрвја.
Во сите објекти на детските градинки се поставени прочистувачи на воздух.


Исто така редовно се чистат депониите кои се создаваат на територијата на Општината, а инспекциските служби работат во две смени, како и за викендите.

Next Post

Досега 8.000 фирми побарале субвенции за поголеми плати

Најново

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk