ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ем во лер, ем на удолнина

Во еден ваков амбиент, наместо мотиви, наместо пориви за реформи, за освојување макар по нешто од посакуваните европски вредности, полека нараснува амбиент на бурни политички битки, ама и амбиент на целосна институционална зачмаеност

December 25, 2019 14:49
in ФРОНТ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Просто е неверојатно со која леснотија нашите политички партии, кај претседателот на државата, во времето кога таа го чека датумот за почеток на преговорите со ЕУ, со  договорот за предвремените парламентарни, практично се договорија да ја пуштат земјава низ вода.

Ако одлуката за предвремени падна само половина година пред редовните, тогаш тие воопшто не би можеле да се третираат за предвремени. Туку, во најмала рака, за одложно предвремени. За избори со задршка.

Па тогаш, која е воопшто целта на едни такви избори? На еден таков долг и мачен предизборен период во кој ништо на арно во државата ниту ќе се случува, ниту ќе може да се случува. Не само што целата јавност е веќе навлечена на изборната забава, не само што целата политичка енергија е насочена во една непродуктивна насока и што партиите го почнаа своето предизборно шоу, туку трауматичното е и во фактот што оваа предизборна атмосфера, која е сѐ уште далеку од својата кулминација, веќе неутрализира секакви реформски активности. И тоа, почнувајќи од министерствата, па сѐ до најситните државни институции.

Во еден ваков амбиент, наместо мотиви, наместо пориви за реформи, за освојување макар по нешто од посакуваните европски вредности, полека нараснува амбиент на бурни политички битки, ама и амбиент на целосна институционална зачмаеност.

Ова, не само до изборите туку, како се насетуваат и изборните резултати, уште побаеги денови потоа. Постизборното најверојатно ќе биде време на беспоштедни меѓупартиски битки за позиции. Ама и време на повторно нагласена стагнација на државата и особено изгубено време за нејзините граѓани.

Ние не сме ниту Данска ниту Шведска, па ниту приближно, на пример, една Словенија. Тие држави и општества, под притисок на тамошните граѓански активизми и благодарејќи на високата демократска свест, одамна ја надминаа партизираноста на своите институции. Ги оспособија и го осамостоија нивното од партиите независно функционирање. Тие и можат да си дозволат нивните политички партии да си се играат избори кога сакаат и колку што сакаат. Државите ќе им функционираат и без влада и без премиер и без министри независно и од изборите и од партиите. Таму институциите си ја туркаат работата согласно законите и процедурите без да чекаат инструкции од патриските штабови. Благодарејќи на таквите придобивки, не трпат ниту државата ниту граѓаните.

Ние, ние немаме простор за таков изборен луксуз. Нас нѐ чекаат реформи и докажување пред Унијата. Но, наместо реформи, на пролет на Брисел ќе му испорачаме само предвремени. Практично, едно големо ништо.

И наместо во реформска барем трета, четврта, партиите со овие избори, нивната нели Македонија, ја ставија во лер.

И сега, не само што е веќе во лер, туку, до април, ем ќe е во лер, ем ќе e на удолнина.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Анкета на МЦМС и „Социетас цивилис“: СДСМ и Заев најпопуларни меѓу граѓаните

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk