ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АД ЕСМ ќе набави еколошки автобуси за превоз на работниците во РЕК Битола

Со набавката на новите, еколошки автобуси за превоз на работниците од РЕК Битола, ќе бидат постигнати повеќе цели врзани со безбден превоз, еко придонес и други придобивки.

December 30, 2019 13:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

АД ЕСМ објави јавен повик за купување на шест нови автобуси за превоз на работниците во РЕК Битола. Автобусите ќе бидат еколошки, со погон на CNG, односно метан. За новите еко-автобуси предвидени се 88 милиони денари, средства на АД ЕСМ, изјави генералниот директор Васко Ковачевски за време на денешната посета на РЕК Битола.

– Ова е прва ваква набавка на автобуси од 2000 година. Дел од автобусите кои и денес се користат за превоз на работниците биле набавени како половни во 2014 година. Тоа доволно зборува за катастрофалната состојба во која се наоѓа автобускиот возен парк на РЕК Битола, истакна Ковачевски.

Според првиот човек на АД ЕСМ, со набавката на новите, еколошки автобуси за превоз на работниците од РЕК Битола, ќе бидат постигнати повеќе цели врзани со безбден превоз, еко придонес и други придобивки.

-Прво ќе биде зголемена безбедноста и квалитетот на превозот на работниците од РЕК Битола кои работат во исклучително тешки услови и во рудниците и во термоелектраната. Тие тоа го заслужуваат. Второ, од еколошки аспект, автобусите кои сега ги превезуваат работниците многу ја загадуваат животната средина и не ги исполнуваат минималните еколошки стандарди. Граѓаните со право реагираат. И мене како на битолчанец, не ми е пријатно кога ги гледам низ улиците на Битола. И трето, со набавката на новите автобуси, АД ЕСМ и РЕК Битола ќе ја потврдат општестевната одговорност кон општините Битола, Новаци и Могила. Овие автобуси кога нема да превезуваат работници на РЕК Битола, согласно законската регулатива, ќе вршат превоз на ученици, студенти, во вторник и петок пензионери, спортски клубови, членови на здруженија и невладини организации. И сето тоа, секако во согласност со нашите можности, посочи Ковачевски.

На прес-конференцијата во РЕК Битола, директорот на комбинатот Златко Ќурчиевски додаде дека набавката на новите автобуси на природен гас за РЕК Битола е исполнување на уште едно ветување со цел подобрување на условите за работа  во комбинатот, намалување на трошоците за работа и заштита на животната средина.

Next Post

Со субвенционирани придонеси зголемени платите на 44.940 работници

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk