ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Карпош: Недозволиво е да се префрла одговорноста за смртта на жената во лифтот

По смртта на 68-годишна жена, која медицинските лица од Брзата помош се обидоа со лифт да ја спуштат од зградата во која живеела , а лифтот се заглавил по што жената починала, Општина Карпош реагира дека парите за реновирање на лифтот не биле префрлени заради недоставена документација од Заедницата на сопственици.

December 30, 2019 16:07
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Карпош денеска изрази жалење и сочувство за смртта на 68-годишната жена во лифт во станбена зграда на улицата „Никола Парапунов” бр.1, истовремено информирајќи дека Одлуката за одобрување финансиски средства за реконструкција на тој лифт била поништена затоа што Заедницата на сопственици на улицата не доставила Сертификат за техничка исправност на поставениот лифт.

-Секоја загуба на сограѓанин е тешка и Општина Карпош, во рамки на законските можности, се става на располагање за помош и поддршка на семејството, велат од Општина Карпош.

Согласно со Законот за домување, како што соопштува Општината, за одржување на станбената зграда, а вклучително и за состојбата на лифтовите во неа, е задолжена Заедницата на сопственици и нејзините овластени лица.

-Точно е дека со Одлука на Совет, од 12-ти јули 2016 година, беа одобрени финансиски средства за реконструкција – ремонт на лифт во колективен станбен објект на ул. „Никола Парапунов” број 1. Притоа, беа одобрени средства во износ од 519.527,00 денари, соопштува Општината.

На 28 февруари годинава, како што се наведува во соопштението, Советот на Карпош донел одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиски средства, од причина што Заедницата на сопственици на улицата „Никола Парапунов” бр.1 од јули 2016, две и пол години не преземала активности за замена на стар со нов лифт, не доставила Сертификат за техничка исправност на поставениот лифт, што претставува услов за исплата на средства.

Упатствата и условите за исплата на средства, како што наведува Општината, ги знае и Заедницата на сопственици од улицата „Никола Парапунов” бр. 1. Оттука, велат дека е нелогично и недозволиво да се префрла одговорноста на локалната самоуправа.

-Општина Карпош сакала да помогне за реконструкција на лифтот, донесено е и решение за исплата на средства, но за жал, не била доставена соодветната документација од страна на Заедницата на сопственици, со што, Општината и покрај подготвеноста, не можела да исплати средства, соопштуваат општинските власти.

Next Post

СДСМ: Петар Ристески да си поднесе оставка заради инцидентот со огнено оружје

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk