ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Лицемерието на Мицкоски и вемерето

Лицемерието на Мицкоски и вемерето се гледа и при потпишувањето на Свечената изјава за стапување во функцијата. Министрите од неговата партија се потпишаа дека ќе бидат функционери на Република Северна Македонија и дека ќе ги почитуваат законите и Уставот на Република Северна Македонија. На три места, во само неколку реда текст го пишува името на државата чие име го негираат и против која работат со полна пареа.

January 3, 2020 20:55
in ДЕНЕС, ESPRESSO, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Еспресото го пиете со: ЏАБИР ДЕРАЛА

Во потпишувањето на Свечената изјава на новоназначените министерки и министри во Владата не би требало да има ништо посебно. Текстот е стандарден и во него новите функционери се обврзуваат дека ќе ги вршт своите функции совесно и одговорно, како и дека ќе ги почитуваат законите и Уставот на Република Северна Македонија. Така е, нема ништо проблематично до моментот кога ќе се сетиме на Мицкоски и неговата партија кои спроведуваат жестока кампања и континуирано го негираат Уставот и името на македонската држава.

Лицемерието на Мицкоски и вемерето се гледа и при потпишувањето на Свечената изјава за стапување во функцијата. Министрите од неговата партија се потпишаа дека ќе бидат функционери на Република Северна Македонија и дека ќе ги почитуваат законите и Уставот на Република Северна Македонија. На три места, во само неколку реда текст го пишува името на државата чие име го негираат и против која работат со полна пареа. Но, не им пречи да станат дел од Владата на таа држава.

Зошто?

Затоа што сѐ ќе дадат за пари и функции!

Читајќи го ова, некој со право ќе забележи дека ова е најмала работа со која тие се согласуваат, а дека на овие големи никогаш-северна „јунаци“ ни око не им трепнува кога се потпишуваат на платите, дневниците и другите бенефиции што ги добиваат од буџетот (парите на граѓаните) на Република Северна Македонија. Ни оддалеку не им е проблем да подигнат милионски суми од буџетот на Република Северна Македонија и да ги трошат на кампањи против истата таа држава.

Што треба да им кажеме сега?

 

ПС. Можеби некој од новите функционери на техничката влада ќе кажат дека се непартиски кадри, експерти, независни… Со сета почит, но треба да знаат која и каква дружина им ја овозможува 100-дневната функција во техничката влада на Република Северна Македонија. 

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Текстовите објавени во ESPRESSO вообичарно се редакциски коментари на актуелните настани и процеси во земјата и во светот.
Next Post

Заев: Извршната власт е во сигурни раце, ќе организира фер избори, а со изборната победа, СДСМ ќе продолжи да го прави најдоброто за секој граѓанин

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk