ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Ременски: Одлуката на ОЈО е избрзана, нема никакви докази против мене

Утринава против пратеничката, Фросина Ременски, Јавното обвинителство покрена обвинителен акт за случајот „Рекет 2“

January 3, 2020 16:08
in ПРАВДА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Утринава против пратеничката, Фросина Ременски, Јавното обвинителство покрена обвинителен акт за случајот „Рекет 2“. Во врска со овој случај, Ременски одговараше на новинарски прашања, при што рече дека за обвинението дознала од медиумите, пренесе Слободен печат.

– Како и за тоа дека сум осомичена, така и за обвиниението дознав од медиумите и тоа уште еднаш покажува како функционираат нашите институции, и дали постапуваат согласно законот независно кон кого се однесува. Во однос на одлуката на Јавното обвинителство, констатирам дека е избрзана одлука и е само уште една потврда за тоа дека конструкции без докази можат да станат основи за обвинение. И тоа секако дека ќе се докаже, но за тоа ќе треба некој да сноси и одговорност. Слободно можам да кажам дека со овој процес можам да најавам и реформа на Јавното обвинителство. Имајќи во предвид дека многу од прашањата допреа до јавноста, останаа и неодговорени прашања и секако тука не очекувам соработка од останатите институции, но очекувам соработка од новиот минстер за внатрешни работи кој што можеби ќе има слух и сенс за одредени прашања кои не беа отворени во текот на изминатиот период да добијат некаква гласност, а со тоа и опозициајта да покаже дека стои на ставот дека сака да работи професионално и согласно зкаонот. Во таа насока не би кажала ништо повеќе од она што го кажав имајќи во предвид дека во оваа смешна постапка ќе се види дека реално нема докази за ова што Обвинителството ме сомничи а ме сомничи за угледот и авторитетот. Апсурдно ќе биде за секој политичар во иднина кој ќе има контакт со граѓани и со невладини организации, за секој минстер за странски инвестиции кој што ќе даде било каква поддршка на идеен проекти или на било што, со избор на програма на влада или партија еден ден да биде и во ситуација да биде и осомничен па дури и да биде обвинет за нешто што е можеби благородна цел во целокупното работење и постапување  – одговорила Ременски.

Ова се одговорите на Ременски и на останатите новинарски прашања:

Очекувате докрај да го истерате мандатот, односно да не биде покрената иницијатива за одземање на пратеничката функција?

– Не верувам дека такво нешто ќе се случи. Прво јас не гледам дека има основа воопшто и да се случува ова за што денеска разговараме, меѓутоа факт е дека порачките за политички елиминации на најгруб можен начин се уште функционираат. Јас сум длабоко убедена дека изборот на денешниот ден не е случаен, имајќи во предвид дека политичките амбиции на одредени лица се пресилни за да земат во предвид било какви мои професионални ангажмани од минатото.

На кого мислите?

– Јас повеќе не би коментирала. Би сакала да ме следите во следниот период и секако доколку и вие сакате да постои вистинска реформа во институциите да ги поставувате вистински прашања.Јас жалам што и досега не ги поставивте вистинските прашања,  за оние што ги отворив во јавноста. Овој процес може само да докаже еден голем апсурд. Кога ќе ги имате сите обвинети во предметите на СЈО и кога ќе ги имате сите можни криминалци на слобода, а кога професор на факултет за безбедност кој што поднел 16 кривични пријави ќе го ставите во апсуреден судски процес да докажува углед и авторитет, тогаш мислам дека на секому ќе му биде јасно за што зборувам.

Вашите партиски функции се замрзнати. Како понатаму ќе постапувате во партијата по обвинението?

– Јас воопшто не очекувам ништо поврзано со мојот политички ангажман бидејќи од него доброволно се откажувам.

Што значи тоа дека доброволно се откажувате?

– Не сум вклучена во партиските активности, во последниот период за изборите очигледно тоа е и целта.

Дали имате одговор за кривичната пријава која ја поднесовте против Силјан Аврамовски?

– Тоа е уште еден доказ како функционира системот. За некого законите важат, за некого не важат, Но еве и тоа е дел од таа реформа која треба да следи. И јас сум уверена во едно – „дека овој судски процес ќе даде многу сериозни импути и за меѓународната заедница во смисла на носење на нивните одлуки и оценка за вистинитоста на патот по кој се движиме сите ние – рече Ременски./ Слободен печат

Next Post

„Ле Матан“: Премиерот која ја вложи сета своја политичка тежина во унапредување на европскиот пат на неговата земја поднесе оставка

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk