За БИСЕР на денот, ја одбравме објавата на Невенка Стаменковска Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ, која првиот ден на должност го искористи да нѐ насмее. Еве што напиша таа:
Прв работен ден во Министерството за информатичко општество и администрација
Како дополнителен заменски министер објавувам дека ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување кои се актуелни во последниов период. Имаме сознанија за незаконски постапки при вработување и мојата цел е да не се загрози европската перспектива на Македонија преку нарушениот предизборен период во кој поткупот на гласачи преку масовната партизација на администрацијата.
Ова, секако, заслужи и едно јако ESPRESSO.