ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Да се насмееме: Невенка од ВМРО-ДПМНЕ ќе прави ревизија на партиските вработувања

Невенка, на повеќето фотки, накитена како елка со партиски симболи и чија Фејсбук страница изгледа како партиски профил на некој месен комитет од Смојмирово или такво некое место, зборува за „масовна партизација на администрацијата“. Ма, дајте, побогу!

January 4, 2020 17:40
in ESPRESSO, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Невенка Стаменковска Стојковски, накитена како елка со симболи на партијата, ќе прави ревизија на партиските вработувања.

Невенка Стаменковска Стојковски, накитена како елка со симболи на партијата, ќе прави ревизија на партиските вработувања.

Share on FacebookShare on Twitter

Еспресото го пиете со: ЏАБИР ДЕРАЛА

Невенка Стаменковска Стојковски е дополнителна заменска министерка во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). На таа позиција „слетува“ од функцијата пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Важно е, за потребите на читањето на овој текст, да се запомни и повтори неколку пати дека е пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. Но, да видиме со кого си имаме работа.

Не е позната, ниту прославена како некои нејзини колеги – Цветан Трипуновски со кривичната пријава за злоупотреби, Наќе Чулев со низа скандалозни стории околу него, како и други, кои за момент ќе ги прогласиме за неважни. Таа е дел од екипата на ВМРО-ДПМНЕ (значи, ВМРО-ДПМНЕ), кои се вгнездија во техничката влада што треба да организира слободни, фер и демократски избори на 12 април 2020 година. Улога – техничка, административна. И тоа да се запомни треба.

Невенка има четири, не многу нови, автомобили, само една куќа и два стана во Скопје (40-50 метри квадратни) и должи по банки некои 520.000 денари (ситно), како што пишува во нејзиниот анкетен лист.

Не е многу искусна, но течно ги чита текстовите што ѝ се дадени пред настапите во Собранието или на разни локации каде што одржуваше не многу посетени пресови. Да не грешиме душа, можеби госпожата сама ги напишала, но дека се одобрени и редигирани, тоа можеме да го претпоставиме со многу висока доза на сигурност.

Значи, Невенка…

Невенка е типичен партиски солдат, од родот пешадија. Уште не седната на 100-дневното заменичко техничко столче во МИОА, таа само ја продолжи партиската кампања во која е вклучена откако стана пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. На својот Фејсбук профил објави дека ќе извршела „надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување кои се актуелни во последниов период“.

Притоа, Невенка напиша (во кафана велиме тресна зелена) дека „имале сознанија“ за „масовна партизација на администрацијата“.

ОК, да земеме здив, да се напиеме една чаша вода. Така се прави после долго и громко смеење.

Невенка, на повеќето фотки, накитена како елка со партиски симболи и чија Фејсбук страница изгледа како партиски профил на некој месен комитет од Смојмирово или такво некое место, зборува за „масовна партизација на администрацијата“. Ма, дајте, побогу! Чекајте малку, морам пак да се изнасмеам.

Значи, Невенка од ВМРО-ДПМНЕ ќе прави ревизија на вработувањата за кои вели „има сознанија“ дека се партиски. Откако два пати се изнасмеав, предлагам сега да станеме сериозни и да ја поддржиме оваа намера на техничкава заменичка.

Јас мислам дека ова е многу добра идеја!

Навистина, иако не знае што точно ѝ е работа во наредните 100 дена техничка влада (за подготовка на слободни избори!), како што не знаат ни другите (очигледно!), на Невенка треба да ѝ се помогне да изврши ревизија на сите партиски вработени луѓе во Северна Македонија во последните десет, па и повеќе години. И да ѝ се даде изим да ги отпушти.

Па цело ВМРО и нивните приврзоци, сосе ДУИ, ќе останат на улица!

 

ПС. Нема потреба да разглобуваме понатаму околу тоа колку е смешна (и по малку тажна) оваа изјава, нели? Особено имајќи ја предвид политиката на антиреваншизам на Зоран Заев.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Текстовите објавени во ESPRESSO вообичарно се редакциски коментари на актуелните настани и процеси во земјата и во светот.

Next Post

Знае ли техничката министерка Рашела Мизрахи во кое министерство се наоѓа

Најново

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk