ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Знае ли техничката министерка Рашела Мизрахи во кое министерство се наоѓа

Ќе и каже ли некој на техничката министерка Мизрахи за реформите кои беа спроведени во ресорот каде што се наоѓа? За зголемувањето на минималната плата ќе ја потсети ли некој дека само до пред 3 години во време на ДПМНЕ беше 9000 денари, а сега е 14.500. Има ли претстава госпоѓата технички министер што значи во едно семејство да се слеваат 11.000 денари повеќе отолку во 2016 година?

January 4, 2020 18:08
in ESPRESSO, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

„Завршува периодот кога четиричлено македонско семејство ќе треба да живее со 17.000 денари. Само со честитост, законитост и меѓусебно почитување може да се постигне тоа“, напиша на Фејсбук техничката министерка за труд и социјална политика предложена од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи и еве ја – сè уште е политички жива и активна.

Ова го кажува Рашела Мизрахи која е кадар од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која до пред две и пол години го држеше работникот во социјално заложништво безмалку 12 години.

Ова го кажува претставник на ВМРО-ДПМНЕ за чие владеење минималната плата се држеше на 9000 денари. Нејзините сопартијци тогаш на странските инвеститори на популарните роуд-шоа им се фалеа со тоа дека овде кај нас ќе ја имаат најниската плата во Европа. И внимавајте, горди беа на тоа.

Ова го кажува Мизрахи која доаѓа од партијата чии сегашни  пратеници до скоро ги злоупотребуваа сите можни процедури, само и само да не се донесе најновото зголемување на минималната плата од 14.500 денари. Ќе ги прашате ли техничка министерке Мизрахи, зошто вашите пратеници сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Законот за покачување на минималната плата?

Ова го кажува партијата за чие владеење едно семејство во Македонија добиваше социјална помош за 300% помалку од тоа што го добива денес.

За каква честитост и меѓусебно разбирање мантрате госпоѓо техничка министерке?

Ќе и каже ли некој на техничката министерка Мизрахи за реформите кои беа спроведени во ресорот каде што се наоѓа? За зголемувањето на минималната плата ќе ја потсети ли некој дека само до пред 3 години во време на ДПМНЕ беше 9000 денари, а сега е 14.500. Има ли претстава госпоѓата технички министер што значи во едно семејство да се слеваат 11.000 денари повеќе отолку во 2016 година?

Ќе ја запознае ли некој техничката министерка со малите групни домови за децата без родители кои ги постигна министерката Царовска во рекордно време за неполни три години.

Мизрахи вели: Министерството на проблеми мора да стане Министерство на решенија.

Ќе и спомне ли некој од нејзиниот тим за покачувањето на пензиите – просечната пензија сега е 15.500 денари. Ќе ја потсети ли некој Рашела Мизрахи за решавањето на долгогодишната незавидна состојба на стечајните работници со која сега 12.000 стечајци до пензионирање ќе добиваат по 8.200 денари месечно. Ќе и намниса ли за програмата за самовработување за младите лица кои се поддржани со средства од 5.000 до 10.000 евра, а со мерката Гаранција за млади опфатени се вкупно 18.000 лица, а од нив 35% се вклучиле или во практиканство или во одредена обука тренинг или директно се вработиле..

И на крај, ќе и каже ли некој на техничката министерка дека сега министерството за труд и социјална политика има на располагање 1,3 милијарди денари, а во 2016 година за време на владеењето на нејзината ВМРО-ДПМНЕ буџетот за министерството за труд и социјална политика беше речиси за половина помал, или поточно тогаш се издвојуваа 707 милиони денари за труд и социјала.

Нека ми посочи госпоѓата техничка министерка еден пример каде што се оградила или се спротиставила на погубните политики во социјалата за време на владеењето на нејзиниот сопартиец Диме Спасов. Нека ми посочи еден пример или една реченица со која го критикувала расипничкото владеење и легалниот грабеж што нејзината партија го практикуваше три мандати, па потоа нека критикува до миле воље.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Текстовите објавени во ESPRESSO вообичарно се редакциски коментари на актуелните настани и процеси во земјата и во светот.

Next Post

Гласот на младите: Кристијан Балески, производител на органски бадеми, органски јапонски јаболка и мед

Најново

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk