Денеска претпладне во 10:33 час. во МВР е добиена е дојава дека во населба Маџари на стадионот „Борис Трајковски“ под трибината има починато лице, пренесе Алсат.
Се дознава дека станува збор за лицето А.Ц. (1985 )год., вработен во агенција за обезбедување. Истиот вчера во 20.10 часот излегол да оди на работа кога и тогаш последен пат е виден од фамилијата.
Истиот има прострелна рана во пределот на главата, а смртта била констатирана од страна на доктор од Итната медицинска помош.
На лице место имало рамка од пиштол, празна футрола од пиштол и ранец, соопшти МВР