ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Вишок Македонија за вишок живот

Не им верувајте на катастрофичарите од специјалната војна против Македонија. Макар се и од некоја твоја или не знам чија партија. Никој на планетата не живее подобро со помалку работа од Македонците. Никој! Од Владивосток, до Лос Анџелес, преку Европа.

January 13, 2020 19:08
in ФРОНТ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Поразот од Чешка ме потсети дека ние сме живи затоа што не победуваме. 

Поразите нѐ држат на вистинскиот пат, тие се нашата шина. 

Победите значат дека сме ја пробиле банкината или дека сме излетале од шините. 

Во спортот, како и во политиката. 

Во сѐ. 

Речиси дека не се случува ретките победи да не ги испиеме како допинг за следните порази. 

Дури и самите победи, по правило, ги прифаќаме или ги претвораме во порази. 

Гледам, како и во успехот на „Медена земја“, нацијата се тресе пред можноста да добие некоја индулгенција за вината кон самата себе („не нѐ бива, дефинитивно“). 

Повеќе отколку како пред успехот на една фина екипа која направила убаво дело. 

Без оглед, или, дури, спротивно, на општите тврдења дека сѐ е срање. Признание за себе, не за авторите. 

Тоа чека нацијата.

Говорам за субјективното чувство. 

Кое луѓето и нацијата со лабави темели, со проблематични деловни и културни способности, ги судира со вистината. Поразите им ја спуштаат самопретставата на нивото на реалноста и затоа се добри, а победите им ја деформираат веќе изобличената стварност на нивото на нивната лажна самопретстава. И затоа се лоши.

Сакам да кажам дека единствените вистински и реални победи се нашите порази. Тоа што нацијата го доживува како пораз. Затоа што е без способност реално да се ситуира себе си во реалниот свет и светот да го ситуира во себе. Од  промените на уставот и на преамбулата, на знамето, до промените во меѓуетничките односи во корист на немакедонските заедници, преку поразот на централната самопретстава во воениот судир од 2001, до Рамковниот договор, од Пржинскиот договор, до Преспанскиот договор и до Договорот со Бугарија, до договорите за влез во НАТО и во Европската унија.

Пораз до пораза.

Не можам да замислам како ќе изгледавме да победевме во тие битки.

Забележувате ли колку е нашата плитка, транзициска, па и општа историја, резултат на некакви договори? 

Циниците од времето на социјализмот би рекле дека ние сме една договорна република. Тоа е најобјективна потврда на ниските капацитети на нацијата. Своите работи да ги решава без договори и интервенции. Но, и потврда, не на нејзината зрелост да се адаптира, туку на капацитетот да прифаќа решенија. Нејзината култура се базира на тие очекувања. 

Некој берлински конгрес да ја реши историјата во нејзина полза. 

Тоа се договори за откуп на вишокот ексклузивитети на Македонците, со вишокот историско време. 

Со мир, стабилност и живот. 

Монополи за живот. 

Хахаха! 

Реален и богат живот. 

Не им верувајте на катастрофичарите од специјалната војна против Македонија. Макар се и од некоја твоја или не знам чија партија. 

Никој на планетата не живее подобро со помалку работа од Македонците. 

Никој!

Од Владивосток, до Лос Анџелес, преку Европа.

Дури и драматичниот пораз во режимот на вмро-дпмне можеме да го сметаме како победа затоа што тоа искуство беше единствениот начин да се ослободиме од притисокот во казанот на внатрешните односи што настана по крахот на комунизмот и замавот на реалните процеси на плурализацијата, не само во политиката, туку и во историјата, економијата и во проекциите. 

Поминавме лошо, катастрофално, но не како некаква несреќа и апокалипса надвор од нас, туку како зреење низ кое поминуваме. 

Јебига, тоа е.

Јас мислам дека и во перцепцијата на Шарената револуција, демек, како голем пораз, се крие една голема победа. На Македонците над самите себе, посебно. И на Албанците, се разбира, кои во тоа време, а можеби и денеска, мислеа и мислат, дека историјата е скок во височина со стап.

И на сите други, да не некој се јави со критика.

Какво е искуството во толку напаѓаното постшаренско раздобие!?

Јас мислам дека станува збор за грандиозни остварувања, не само ако резултатите ги ставиме во корелација со времето во кое се остварени и со историското наследство на кое мораа да се реферираат, туку и воопшто.

Прва би ја истакнал, како најјака, најслабата точка во општата перцепција: враќањето на излеаната река на самоволието во институционалната брана. Поточно – интенцијата. Јасна и недвосмислена, ризична за власта. Бавно, тешко, компромисно, со свест за тоа дека ризикот мора да се преземе и да се оди по вистинскиот пат на законот. Крикот дека власта не ги испоапсила сите бандити на претходниот режим по секоја цена, е крик на племенската свест, од една страна, и крик на користољубието од можната и посакувана смена на власта, со сите ризици од општа катастрофа, од друга страна.

Втората работа се обидите за интеграција на општеството преку добрата волја да не се одбиваат по дифолт кадровските и други инсталациии на претходниот режим. Да бидеме сите едно општество. Јас не се согласував со оваа доктрина, но не можам да кажам дека не сум знаел ништо за другите опции кои биле или се, можеби, поатрактивни, но се поопасни за Македонија.

Третата работа се меѓународните пласмани. Интеграцијата во Европската унија и во НАТО, посебно. Тие обезбедуваат контекст и на првите две солуции и на перспективите на Македонија, воопшто. Оптимистичките најави за отчепување на процесот, односно за добивање на датум, се крајно охрабрувачки.

П.С.

Многу сум разорачаран(а) и нема да им простам, нема да гласам, вика Мара, океј, Маро, но, дали не мислиш дека утре нема да можеш да си простиш на себе, не е проблемот во тоа ти да ги казниш нив, туку како себе да се спасиш, да не се казниш, ти не решаваш дали ќе им простиш на нив, туку дали, во филозофска, па, можеби, и егзистенцијална смисла, вреди да се убиеш.

Или, не!

Ех, мори, Маро!

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Next Post

Мицкоски „се појави“ на карневалот во Вевчани

Shortcut

Најново

Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk