Откако заврши криминалното и режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, за само 2,5 години поднесени се 300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира во соопштението за медиуми пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов.
„Од нив досега процесирани се 129 кривични пријави пред надлежни судови.
Но многу од овие слуачи се чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти од страна на остатоците од заробената држава во судството.
Тоа е уште една потврда дека е потребно прочистување и сеопфатни реформи во правосудството.
Надлежните обвинителства и судови мора да ја зголемат својата ефикасност и да постапуваат по отворените предмети. Ова е важно затоа што се работи за висока корупција каде се инволвирани носители на јавни функции.
Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара.
Бројот на поднесени и процесирани кривични пријави покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Таму се уште е присутна криминалната матрица.
Затоа за опозицијата главен приоритет и натаму е одбрана на криминалот од нивното 11 годишно уништување на државата.
Затоа, граѓаните на 12 април ќе им испорачаат нов пораз на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и јасно ќе порачаат дека враќање на режимот нема да има!“, истакна Костадинов на прес-конференцијата.