Во сабајлешната емисија „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ новинарот Васко Маглешов вели дека известувањата од судница се меѓу најчитаните текстови, но дека не е вест ако се пренесува само во насока на: ова вели овој, ова вели оној.
– Тоа подразбира дека во една цела центрифуга, интернет порталите ќе имаат пренесено што се случува на самото судење. Во дневното новинарство нема толку простор за истражувања, анализи од посуштински тип како што е тоа во други форми на истражување, вели Маглешов, во „Утрински брифинг“.
Одговорот не може да биде едноставен, односно дека е на линија што очекува јавноста да прочита. Медиумите се тие кои што ја генерираат публиката, односно впечатокот за тоа какви треба да бидат содржините, но она што е важно е дека ако вие, претпоставено, си дозволите повеќе време да направите подетална анализа на тоа што се случува, вашиот текст, односно вашата анализа ќе биде објавена меѓу последните, изјави Васко Маглешов за Утрински брифинг.
– Тоа подразбира дека во една цела центрифуга, интернет порталите ќе имаат пренесено што се случува на самото судење. Во дневното новинарство нема толку простор за истражувања, анализи од посуштински тип како што е тоа во други форми на истражување. Во секој случај треба да ги ревидираме во еден дел она што е известено од судниците. Не е вест, овој рече ова, овој рече тоа, додава Маглешов.
– Ако ја гледате статистиката, естрадниот елемент во судниците е најчитан. Борбата за кликови е се поприсутно, но тоа не смее да биде суштината на известувањето од судниците, околу начинот како медиумите ги пренесуваат судските настани, бидејќи се добива впечаток дека новинарите известуваат премногу телеграфски – вели Маглешов за УБ.