ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

Извесен „Кукузел“ објави: „Откако избега истиот се наоѓа во подрачје на Република Бугарија. Пред 7 дена е претепан во Софија/ моментално е во критична состојба.“

January 21, 2020 19:15
in СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фесјбук профилот „Јован Кукузел“ со очигледна „бојкотирачка ориентација“, пред малку објави пост во кој целосно е преземена содржината на текстот на FRONTLINE.MK „Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од домашен притвор“, објавен на 16 ноември 2019. Разликата во објавата на „Кукузел“ е во тоа што, на крајот од објавата се споделува и информација за која не постои официјална потврда. „Кукузел“ објавува: „Откако избега истиот се наоѓа во подрачје на Република Бугарија. Пред 7 дена е претепан во Софија/ моментално е во критична состојба.“

„Кукузел“ ја споделува и оваа фотографија во состав на еден колаж од фотографии, без некоја особена смисла:

Не е потврдено дали оваа фотографија е автентична, но во секој случај, целата објава е крајно сомнителна.

Текстот што „Кукузел“ без прашање го презема од FRONTLINE.MK гласи:

Драганчо Стоименов, алијас Дацо Белски, осудуван или под истрага за повеќе кривични дела, избега од домашен притвор, според информации од нашите соработници во Кочани. За Белски последен пат се слушна во јавноста откако доби притвор како осомничен за обид за убиство, по пукањето во ресторанот „Аква“ во Кочани минатата пролет. Тој самиот се предаде на властите во април.

Белски е поранешен телохранител на Сашо Мијалков, братучед на бегалецот од правда Никола Груевски и поранешен директор на УБК. Тој ѝ е познат на јавноста и од случајот Детонатор, кога во 2012 година, со полициска акција во источниот дел на земјата беа разрешени 13 полициски началници и командири, беа запленети околу 1.000 покер апарати, 14 лица беа осудени на затворски казни. Во тој случај, Дацо Белски беше на „оштетената страна“.

„На лицето за кое прашувате судот му одредил мерка куќен притвор. Според надлежноста, полицијата прави проверки неколку пати во текот на денот. При последната проверка, извршена вчера, констатирано е дека лицето не е дома, односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето“ – изјавија официјални извори од МВР за FRONTLINE.MK.

Останува да се види која е целта на оваа објава и преземањето на текстот од FRONTLINE.MK во овој контекст.

Едит: Потврдено е дека фотографијата не е автентична, дека се работи за фејк фотка која е земена од ова видео со крајно вознемирувачка содржина постирано на Твитер од руски профил IgoR.

 

 

Next Post

Спасовски: Владата ќе обезбеди материјална помош за Атиџе и семејството од филмот, и месечен надомест за екипата од „Медена земја“

EVN

НАЈНОВО

Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Св. Валентин или Св. Трифун: Како љубовта и лозјата го поделија истиот ден

February 14, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис – 14 и 15 февруари

February 14, 2026
генерирано со ВИ

Макрон: Наскоро ќе бидат познати деталите од разговорите со Германија за нуклеарното оружје

February 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Поранешниот шеф на MI6: Русија изгубила околу 30.000 војници само во еден месец во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk