Компанијата за производство на пијалоци „Кока-кола“ не сака да се откаже од употребата на пластична амбалажа, затоа што велат, луѓето уште ги сакаат.
Како што велат, потрошувачите и понатаму сакаат да ги користат, но порачуваат дека со 2030 година половина од пластичната амбалажа ќе биде рециклирана.
„Портрошувачите сакаат пластични шишиња затоа што се практични, може да се затворат и лесни се“, изјави за Би-би-си Беа Перез, шефица за еколошка одржливост во комапнијата.
Оваа компанија, која е една од најголемите производители на пластичен отпад, се обврза дека ќе ги рециклира сите пластични шишиња кои ќе се користат до 2030 година, но борците за заштита на животната средина тврдат дека многу од шишињата завршуваат на отпад.
Кока=кола произведува околу три милиони тони пластична амбалажа годишно, што изнесува околу 200.000 шишиња во минута, а во 2019 година хуманитарната организација „Брејк фри фром пластик“ ја прогласи Кока-кола за најголем загадувач меѓу брендовите.
Сепак, Кока-кола се обврзува до 2030 година половина од амбалажата која ја користи ќе биде направена од рециклирани материјали.