ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Повеќе извезуваме отколку што увезуваме отпад

Македонските компании одамна увезуваат и извезуваат отпад кој главно се користи како „гориво“ и суровина во производни процеси во различни дејности, а пред се металната и хемиската индустрија. Според податоците на Државниот завод за статистика за трговската размена, нашата земја во периодот  2013-2017 година повеќе извезувала отколку што увезувала отпад

January 22, 2020 13:08
in ЗЕЛЕНА, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските компании одамна увезуваат и извезуваат отпад кој главно се користи како „гориво“ и суровина во производни процеси во различни дејности, а пред се металната и хемиската индустрија. Според податоците на Државниот завод за статистика за трговската размена, нашата земја во периодот  2013-2017 година повеќе извезувала отколку што увезувала отпад, пренесува МЕТА.

Одделот „услуги за собирање, обработка и отстранување отпад, рециклирање на материјали“ забележува тренд на најзначително учество во стоковната размена на отпад во периодот  2015 – 2017 година.

Во 2017 година извозот на отпад во одделот „тутунски производи“ бележи намалување од 52 отсто во споредба со претходната 2016 година, додека на увозната страна се забележува намалување од 57 отсто кај одделот „текстил“.

Инаку според регулативата се забранува увоз на отпад на територијата на нашата држава за складирање и за отстранување, како и увоз на опасен отпад што е измешан со неопасен отпад или други компоненти кои ја намалуваат штетноста и опасните карактеристики на отпадот.

„Дозволен е увоз на отпад што може безбедно да се преработи, да се користи како суровина или да се користи како извор на енергија. Дозволен е извоз на отпад којшто може да се преработи и отстрани без опасност по животната средина, животот и здравјето на луѓето во земјата увозник. Увоз, извоз и транзит на опасен отпад во Македонија се врши според Базелската конвенција за контрола на прекуграничното пренесување на опасен отпад и негово складирање“, пишува во регулативата објавена од Министерството за животна средина.

Next Post

Милошоски: Работните групи на власта и опозицијата на средба за законот за ЈО до крајот на неделава

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk