И со последните предлози како и во многу случаи, на дело покажавме дека никој не е заштитен од Владата и никој не е над законот. Со овие зборови, Дамјан Манчевски вечерва на ТВ Алсат рече дека СДСМ може со чист образ сега да излезе пред граѓаните и да го предложи концептот за реформи кои ќе придонесат до целосна независност на судството и правниот систем во земјава.
„Со овие предлози, и со она што го направивме во претходниот период каде што апсолутно се покажува дека никој не е заштитен од страна на Владата и на власта ќе одиме пред граѓаните го понудиме нашиот концепт и за реформи во правосудството каде што итно е потребно нешто да се направи”, рече Манчевски.
A.Зеќири