Министерот за информатичко општeство и јавна адмимистрација, Дамјан Манчевски, вечерва на телевизија Алсат М изјави дека Владата понудила предлог закон за независен избор на раководители во јавната администрација.
„Имаме еден предлог на Закон којшто може квалитативно да го промени начинот на којшто ги избираме високите раководни службеници, се работи за предлог Законот за висока раководна служба каде што 9 месеци беше објавен во дебата, го пишувавме заедно со СИГМА меѓународна организација надлежна за реформа на јавната администрација во тесна сорабтока со ЕК, затоа што очигледен е проблемот кај нас високите раководни службеници…се целосно политизирана категорија….предлог концептот којшто го предлагаме не викам дека е идеален е дека да се избере независна комисија во собранието која што ќе ја бира таа комисија 11 члена комисија за избор, ќе има и власта и опозиција по двајца претставници, ама во малцинство ќе сме, а другите членови ќе се Стопански комори, универзитети, ДКСК итн. да избере комисија која ќе ги спроведува постапките за избор на директори….Го пративме до ВМРО ДПМНЕ пред 6,7 месеци за било какво усогласување никаков feedback не добивме“, рече Манчевски.
Според тој закон, изборот би го направил независна комисија, чии членови би се избрале од привремена комисија каде политичките партии ке иматот малцински број на членови, а другите членови ке ги оредлагат независните тела.
„Ќе одиме пред граѓаните го понудиме нашиот концепт и за реформи во правосудството каде што итно е потребно нешто да се направи“, рече Манчевски.
А.Зеќири