ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коста Петров: Креираме политики за младите да успеат во татковината

Наша цел е да креираме и реализираме мерки и политики кои ќе им овозможат на младите да успеат тука, во својата татковина. Во таа насока е и одлуката на Владата предводена од СДСМ, за доделување на младински додаток од 3.000 денари на младите вработени во производството и земјоделството

January 24, 2020 13:31
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Наша цел е да креираме и реализираме мерки и политики кои ќе им овозможат на младите да успеат тука, во својата татковина. Во таа насока е и одлуката на Владата предводена од СДСМ, за доделување на младински додаток од 3.000 денари на младите вработени во производството и земјоделството, истакнува Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Со оваа мерка опфатени се сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование, кои се во работен однос во произведствена дејност.

Мерката ги опфаќа и младите лица вработени во произвоствена дејност преку приватна агенција за вработување како и млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.

Нашата цел преку оваа мерка е поттикнување на вработувањето на младите лица во производствена дејност по завршувањето на средното образование. Со оваа мерка истовремено придонесуваме за подобрување на животниот стандард на младите но и ги задоволуваме потребите на работодавачите со квалификувана работна сила.

Покрај младинскиот додаток, дел од системот мерки кои успешно беа спроведени и реализирани е и Младинската гаранција, која опфати над 20 илјади млади лица во целата држава, од кои досега вработени се околу 6.000 лица. Оваа мерка е инвестиција во знаење, усовршување и преквалификација на младите.

Почитувани ,

Во Собранието е усвоен и Законот за младинско учество и младински политики.

Со овој закон за прв пат се дефинира категоријата млади во државата, се дефинираат формите на младинско учество и претставување, регистарот на форми на младинско организирање, младинското учество, политиките и сервисите за млади.

Законот обезбедува широк, инклузивен и сеопфатен пристап за младинското учество и младинските политики и има за цел зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политиките за млади, активно информирање, промоција и заштита на интересите на младите, како и зајакнување на свеста за важноста на младите и нивната улога во општеството.

Овој закон предвидува и поттикнување на волонтерство, младинска работа и активизам,  поттикнување на личен, социјален и професионален развој, како и поттикнување и градење култура на заедничка работа помеѓу младите и институциите.

Потврда за сите заложби кои ги прави СДСМ и Владата изминатиот период е и намалувањето  на стапката на невработеност кај младите на 35%, а ако споредиме со таа во 2016 година во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога беше 48,2% ќе заклучиме дека има огромна разлика.

Затоа на 12 април, младите, граѓаните ќе ги поддржат политиките на СДСМ кои значат напредок и просперитет и за граѓаните и државата.“

Next Post

Отстранет израстокот на лицето на чичко Ванчо

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk