Министерот за информатичко општeство и јавна адмимистрација, Дамјан Манчевски, вчера вечер на телевизија Алсат М изјави дека Владата понудила предлог закон за независен избор на раководители во јавната администрација. Со факти, аргументирано, му ги одговори сите прашања на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Имаме еден предлог на Закон којшто може квалитативно да го промени начинот на којшто ги избираме високите раководни службеници, се работи за предлог Законот за висока раководна служба каде што 9 месеци беше објавен во дебата, го пишувавме заедно со СИГМА меѓународна организација надлежна за реформа на јавната администрација во тесна соработка со ЕК, затоа што очигледен е проблемот кај нас високите раководни службеници…се целосно политизирана категорија….предлог концептот којшто го предлагаме не викам дека е идеален е дека да се избере независна комисија во собранието која што ќе ја бира таа комисија 11 члена комисија за избор, ќе има и власта и опозиција по двајца претставници, ама во малцинство ќе сме, а другите членови ќе се Стопански комори, универзитети, ДКСК итн. да избере комисија која ќе ги спроведува постапките за избор на директори….Го пративме до ВМРО ДПМНЕ пред 6,7 месеци за било какво усогласување никаков feedback не добивме“, рече Манчевски.
Според тој закон, изборот би го направил независна комисија, чии членови би се избрале од привремена комисија каде политичките партии ке иматот малцински број на членови, а другите членови ќе ги оредлагат независните тела.
„Ќе одиме пред граѓаните го понудиме нашиот концепт и за реформи во правосудството каде што итно е потребно нешто да се направи“, рече Манчевски.
Одговарајќи на новинарското прашање, „дали ќе ги повикате вашите функционери да ги повлечат своите роднини?”, министерот за јавна администрација, Дамјан Манчевски рече дека оваа тема веќе е завршена.
Тој потсети дека СДСМ ги повлече нивните функционери од спорните места и позиции, почнувајќи од пратениците, до министрите и другите високи ешалони.
„Ние нашите роднини ги повлековме, се повлекоа, Коста Костадинов ги повлече, еден куп пратеници други ги повлекоа”, изјави Манчевски.