ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дерала: Предолго чекаме правда! Бараме криминалците да се соочат со полната сила на правдата

ас ја имам честа и задачата денеска да пренесам дека македонската јавност, македонските граѓанки и граѓани гледаат во овој дом со очекување тој да го донесе овој закон важен за европската иднина на земјата. Веруваме дека на тој начин, ќе се обезбедат услови за владеење на правото, кое поважно од сѐ во овој момент и воопшто, за функционирањето на една држава и општество. Имам задача да ви пренесам дека веќе предолго чекаме правда! Бараме криминалците да се соочат со полната сила на правдата. И знаеме! Знаеме дека во преговорите постојано од една страна постојано се пласира идејата за амнестија со која ќе прекине гонењето со предметите. Сѐ друго се изговори

January 29, 2020 15:03
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јас доаѓам од ЦИВИЛ, организација за човекови права и слободи формирана во 1999 година. Не сум правен експерт, но ќе го искористам моето широко познавање и искуство во оваа сфера, за да ја изразам поддршката кон процесот на правосудните реформи и кон донесување на законот за јавно обвинителство од позиција на граѓанин и активист за човекови права, истакна Џабир Дерала на вториот ден од јавната расправа за Законот за ЈО .

Ја претставувам организацијата што брои повеќе стотици членови и поддржувачи низ целата земја, но ќе се обидам да ги артикулирам очекувањата и барањата на илјадници граѓанки и граѓани со кои нашата организација е во секојдневен контакт.

Јас ја имам честа и задачата денеска да пренесам дека македонската јавност, македонските граѓанки и граѓани гледаат во овој дом со очекување тој да го донесе овој закон важен за европската иднина на земјата.

Веруваме дека на тој начин, ќе се обезбедат услови за владеење на правото, кое поважно од сѐ во овој момент и воопшто, за функционирањето на една држава и општество.

Имам задача да ви пренесам дека веќе предолго чекаме правда! Бараме криминалците да се соочат со полната сила на правдата.

И знаеме!

Знаеме дека во преговорите постојано од една страна постојано се пласира идејата за амнестија со која ќе прекине гонењето со предметите. Сѐ друго се изговори.

Неприфатливо е професори по право да повикуваат на кршење на Уставот на Република Северна Македонија. Неприфатлив е срамниот пад на најповиканите да го бранат правото, да бидат токму оние што го газат. Какво наследство ќе им остават на младите генерации со тоа што го критикуваат овој закон со националистички флоскули и со негирање на името на државата во која имаат сериозни и одговорни позиции на професори, експерти и научници.

Неприфатливо е да гледаме како политичари и пратеници во овој дом се однесуваат незрело и насилнички.

Знаеме дека во текот на преговорите меѓу најголемите партии, лидерот на СДСМ, Зоран Заев им предложи на ВМРО-ДПМНЕ формирање на ново обвинителство кое ќе ги гони (евентуалните) криминали и на оваа Влада, но преговарачите на опозициската партија цврсто се држеа до своите барања за амнестија. Нив им беше побитно да се прекинат старите предмети, отколку да се овозможи евентуално отворање на предмети за оваа Влада. Нивна цел беше вештачко прекинување на мандатите на Јавните обвинители – Русковска и Јовески. Сето тоа е познато.

ВМРО-ДПМНЕ бара уништување на бомбите и материјалите со законски одредби – тоа барање се уште е на маса. Тоа е крајно неприфатливо барање!

Целиот свет и Европа ни испрати порака, јасна, гласна и недвосмислена: носењето на Законот за Јавното обвинителство е тест за патриотизам и државништво.

Пред пратеничките и пратениците во овој законодавен дом се наоѓа изборот: ДАЛИ ЌЕ ГИ ПОДДРЖАТ ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ИЛИ ЌЕ ГИ БРАНАТ ИНТЕРЕСИТЕ НА КРИМИНАЛЦИТЕ?

Дали ќе бидат патриоти или квази патриоти?

Ако не го донесете овој закон, овој состав ќе биде запаметен само по крвавиот напад на 27 април 2017 година. Не го дозволувајте тоа!

Сфатете ме како сакате, но јас сум тука да ве известам. Дами и господа, надвор од оваа зграда расте гневот и разочарувањето што оние што за заробија државата сѐ уште се на слобода. Ако повторно излеземе на улица, нема да се вратиме дома додека не видиме правда. Донесете го овој закон, а во меѓувреме, контактирајте ги најдобрите адвокати што можете да си ги дозволите.

извор: ЦИВИЛ

Next Post

Ќе го брани ли ВМРО-ДПМНЕ Договорот од Преспа како што ја бранеше Привремената спогодба?

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk