ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Борел: ЕУ не е комплетна без Западен Балкан

На прес-конференција по средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи, Борел порача дека ЕУ нема да дозволи постоење на еден поделен Балкан надвор од европското семејство.

January 30, 2020 18:17
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел, за време на неговата прва официјална посета на регионот, изјави денеска дека ЕУ нема да биде комплетна се додека не го интегрира Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес-конференција по средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи, Борел порача дека ЕУ нема да дозволи постоење на еден поделен Балкан надвор од европското семејство.

– ЕУ не е комплетна без Западен Балкан и сакаме да обезбедиме стабилност и безбедност за секого, бидејќи тие приоритети се во наш интерес. Нема да си дозволиме себе си да имаме еден поделен Балкан, земји одвоени една од друга, надвор од европското семејство. Мораме да ги спречиме страдањата кои се случуваат во светот, изјави Борел.

Шефот на европската дипломатија изрази надеж дека Косово набргу ќе се стекне со Влада, за што, како што рече, добил потврда од претседателот Тачи.

– Косовците се слободни да одлучуваат сами за својата иднина и на нив е да одлучат за влада, а не да разговараат со нас за тоа. Сакаме да видиме дека ќе создадете влада што поскоро и среќен сум што претседателот ми кажа дека тоа ќе се случи и ќе помогне за што побрзо започнување на преговорите, изјави Борел.

Во однос на визната либерализација за косовските граѓани, Борел рече дека не може да гарантира кога таа ќе се случи, но оти како потпретседател на Европската комисија ќе се заложи тоа да биде што поскоро, дотолку повеќе што Комисијата веќе има оценето дека Косово ги исполнило сите зададени услови за укинување на шенген визите.

По претстојот во Косово, каде што се предвидени средби и со лидерите на политичките партии и претставниците на немнозинските етнички заедници, Борел утре ќе отпатува за Белград, каде што, меѓу другите, ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Next Post

Зоран Заев: Започнуваме постапки за избор на најодговорните кандидати за пратеници во историјата на НЕЗАВИСНА Македонија!

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk