ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Српската опозиција донесе декларација за бојкот на изборите

Опозицијските партии обединети во коалицијата Сојуз за Србија (СзС) и други партии меѓу кои и Движењето на слободни граѓани (ПСГ) кои имаат донесено одлука за бојкот на пролетните парламентарни и локални избори во Србија, синоќа во Комбанк Арена во Белград усвоија Декларација во која се обврзуваат дека „секој обид за формирање влада заснована врз резултатите од лажните избори ќе се смета за чин на соборување на уставниот поредок“

February 2, 2020 10:49
in РЕГИОН, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Опозицијските партии обединети во коалицијата Сојуз за Србија (СзС) и други партии меѓу кои и Движењето на слободни граѓани (ПСГ) кои имаат донесено одлука за бојкот на пролетните парламентарни и локални избори во Србија, синоќа во Комбанк Арена во Белград усвоија Декларација во која се обврзуваат дека „секој обид за формирање влада заснована врз резултатите од лажните избори ќе се смета за чин на соборување на уставниот поредок“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ние таквата власт ќе ја сметаме за нелегитимна и против неа ќе се бориме со секаков вид на отпор и граѓанска непослушност. Ќе ја продолжиме борбата за слободни медиуми и за слободни и фер избори со сите расположиви законски средства со цел демократизација на Србија, се наведува во Декларацијата.

Во неа се додава и „дека ќе се спротивстават на насилството, особено на секој екстремизам поврзан со режимот“.

– Ние се обврзуваме на солидарност во заштитата на сите ранливи граѓани кои се погодени од моќта на власта поради поинакво мислење или критичко дејствување и ќе дадеме помош и заштита. Ќе продолжиме да соработуваме со сите организации и поединци кои имаат иста цел. Ќе ги продолжиме разговорите со претставниците на ЕУ и на други земји и организации кои ги поддржуваат демократските вредности, слободата на медиумите и слободни избори, стои во Декларацијата.

Како што се наведува во Декларацијата на опозицијата, тие на граѓаните им ветиле „бојкот на узурпираниот парламент, што го имаат исполнето, а сега се исполнува и бојкотот на изборите, како што беше ветено“.

„Ние им ветуваме на граѓаните дека Србија ќе добие слободни и фер избори и ние тоа ќе го исполниме. Одиме во бојкот. Во бојкот за Србија“, се заклучува во Декларацијата.

На собирот се обрати претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас.

– Треба да им овозможиме на граѓаните кога некој ќе ги праша како си, да кажат добро сме. Велат дека српската опозиција донела одлука да оди на бојкот. Не. Српската опозиција донесе одлука да го послуша својот народ, рече Ѓилас.

На собирот во Комбанк арената се обратија и лидерот на Народната партија (НС), Вук Јеремиќ, претседателот на Движењето за слободни граѓани (ПСГ), Сергеј Трифуновиќ, лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ, потпретседателот на Демократската странка (ДС) Драгана Ракиќ и други.

Декларацијата на собирот беше прочитана од страна на лидерот на Движењето за пресврт, Јанко Веселиновиќ, а присутните ја усвоија едногласно со подигање на гласачките ливчиња на кои пишуваше „Бојкотирам“.

По собирот, со кој е означен почетокот на кампањата на бојкот на изборите, присутните се упатија на протестната прошетка на плоштадот „Никола Пашиќ“ па се до зградата на РТС.

Next Post
Љупчо Николовски

Николовски за МИА: Работна група, во која ќе има и надворешни експерти ќе состави ранг листа на кандидати за пратеници

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk