ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Борбата против корупцијата приоритет за градење здрава демократија

– Името на играта се вика доверба. Со почетокот на преговорите со ЕУ на вашата земја ние ќе мора да им веруваме на вашите институции, а најважно од се и граѓаните на вашата земја ќе треба да им веруваат на институциите, изјави Јан Коп.

February 5, 2020 14:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интегритетот и однесувањето се клучни во борбата против корупцијата, бидејќи владеењето на правото ќе привлече инвестиции, но транспарентноста и интегритот ќе ги задржат младите во земјата. Сепак годинава евидентен е пад од 13 места на нашата држава на Индексот на перцепција и затоа борбата против корупцијата треба да биде приоритет број еден за градење на здрава демократија. Ова беше истакнато денеска во Скопје на настанот за одбележување на Неделата на интегритет и антикорупција 2020.

Борбата против корупцијата е долгорочен процес и неопходно е вклучување на сите, па затоа на денешната дебата учествуваа претставници од бизнис заедницата и јавниот сектор, студентите и невладините организации, а со една цел – изнаоѓање одговор на секојдневните предизвици во борбата против корупцијата.

Според холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, клучна а довербата, а таа се добива со интегритет во борбата против корупцијата.

– Името на играта се вика доверба. Со почетокот на преговорите со ЕУ на вашата земја ние ќе мора да им веруваме на вашите институции, а најважно од се и граѓаните на вашата земја ќе треба да им веруваат на институциите, изјави Јан Коп.

Интегритет, посочи тој, е да се прават вистинските работи и кога никој не те гледа.

– Владеењето на правото ќе привлече инвестиции, но транспарентноста и интегритот ќе ги задржат младите во земјата, порача Јан Коп.

Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчеваки, рече дека во денешно време главен сегмент за борба против корупцијата е дигитализацијата.

-Сè што има допир со човек, може да се корумпира. Затоа е битна дигитализацијата и редизајнирањето на начинот на функционирање на системот, изјави Манчевски.

Транспарентноста е главен механизам за многу работи, подвлече тој, затоа системот на отворени финансии е главен механизам против корупција.

-Дигитализацијата и транспарентноста се побрзите мерки, но менување на менталниот склоп и навиките се главна работа, изјави Манчевски.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска рече дека мора секој поединец со личен пример да се вклучи во заедничката борба против корупцијата.

– Изгубените вредности во општеството најмногу и одат во корист на корупцијата. Стратегијата сметаме дека е добар документ за подобрување на контролниот систем, зајакнување на интегритетот и подигнување на свеста на поединецот. Тие се клучните точки, рече Ивановска.

Во Националната стратегија за борба против корупцијата, посочи таа, за првпат се и еконимијата и бизнисот.

Неделата на интегритет и антикорупција, се одбележува за првпат во нашата држава од 3 до 11 февруари, во организација на Интернационалната стопанска комора, со поддршка на холандската амбасада.

Next Post

ЕК ја објави новата методлогија за преговори

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk