Честитки за историскиот успех на „Медена земја“, нема потреба од рационализација на ова што се случи или не се случи, сите опции беа на маса. Се разбира Академијата гласаше така како што гласаше, но за нас е голем успех што македонски филм се најде номиниран во две категории. Беа таму и одлично го направија тоа, рече во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТБ“, Роберт Алаѓозовски, поранешен министер за култура.
– Впрочем и самиот добитник на наградата документарен филм ги спомена „Медена земја“ и останатите и вели дека инспирацијата за нив како документарни автори дошла и од делото на нивните колеги. Така што овие актери, оваа филмска екипа, овој филм е лансиран во првата лига на светската документаристика, изјави во „Утрински брифинг“, Роберт Алаѓозовски, поранешен министер за култура.
Многу поголеми филмови, со поголема логистика, со повеќе пари не успеаја да добијат сериозни награди. Пред се за „1917“, кој доживеа вистинско фијаско. Се случи и преседан во историјата на Оскарите – еден странски филм да добие четири Оскари и тоа најпрестижните. Не треба да жалиме за „Медена земја“, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Владо Галевски, филмски критичар и рецензент.
-Тој останува еден од најдобрите културни продукти на оваа држава и сметам дека ова е можеби максимуот што објективно можеше да се постигне. Да, ние сме пристрасни, се разбира, јас како професионалец ќе се обидам да кажам дека ниту грам не бев пристрасен, затоа што ги изгледав и другите четири во категоријата документарци и објективно сметам дека победи просечен филм- вели Владо Галевски, филмски критичар и рецензент.