ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Дали, кој и колку милиони евра трошел за напад врз државните интереси?

Момироски е уредник во ТВ Алфа, што е еден од медиумите за кои „Нецензурирано“ тврди (според мене, со уверливи докази), дека добиле милиони евра со сомнително потекло, наменети за антидржавно дејствување! Ова прашање веќе не е само медиумско.

February 10, 2020 18:59
in ESPRESSO, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СКАНДАЛИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Дали или колку милиони добиле Момироски од ТВ Алфа и другите медиуми поврзани со најновиот прекуграничен скандал што го откри порталот Нецензурирано (necenzurirano.si) од Словенија?

Кога некој би ме прашал дали е вистина дека правното лице во кое работам, добило милионски суми за некој проект, апсолутно сум сигурен дека ќе имам информација за тоа. Веднаш можам да одговорам со да или со не. Особено ако сум на одговорна позиција во таа компанија.

Момироски, уредник во ТВ Алфа, очигледно е затечен со скандалот кој пукна за милионските суми (во евра!) што се движеле на релација Будимпешта-Љубљана-Скопје за пропагандата што ја шират Алфа, Нетпрес, Курир и Лидер (со едно име, според Латас: куртони). Веројатно затоа, на прашање од мојата колешка, ѝ одговорил нервозно и го спинувал одговорот. Прво одговорил дека нема поим што пишува во медиумите. И да застанал тука, ќе беше добро за него, ќе купеше време за отстапница. Но, својот лош одговор, поточно, бегањето од одговор за милионите евра, нервозниот Момироски невешто го замагли со предизвик до „шефот на ЦИВИЛ да собере храброст да гостува на ТВ Алфа“.

Веднаш по текстот за кој ЈАС бирав фотографија за која тој напиша Фејсбук тирада (јас немам обврска да го „улепшавам“), тој продолжи да се вади на мене, па продолжува: „Го чекам Џабир да дојде на интервју со мене да се објасниме за сѐ, нормално ако има храброст. Ако нема храброст нека се крие зад сукњите на недолжни новинари.“ Неприфатливо ниско ниво и сексизам од еден долгогодишен новинар, па нека е и од ТВ Алфа. Стари му се триковите, спинувањето сѐ потешко му оди. Многу е смешно. Тој ме вика МЕНЕ на интервју со зборовите „ако има храброст“ за тој да ми објаснува дали, како и колку пари сте потрошиле за пропаганда против сопствената држава. А не знае ни по телефон да одговори на едноставно прашање. Зошто му требам јас на интервју за прашање што тој треба да го одговори и за што е уредно прашан? Џе је ту логика?

Не се работи за тоа дали Момироски знае или не знае што некаде пишува. Уште помалку е важно што јас сметам дека не ми е достоен соговорник. За „отворената покана за интервју“, патем, и не знам, а сега не вреди ни да размислувам за неа. Ништо од тоа не е важно.

Важно е дека на Момироски му е поставено коректно прашање за сериозни наводи за кои јавноста има право да знае дали се вистинити или не. Важно е и тоа дека ние постапивме коректно, со почит кон професионалните стандарди и етика и му нудиме простор да одговори. Не го караме, не го обвинуваме, само го прашавме дали знае нешто за милионите. Што му требаше да спинува и да ме напаѓа мене? Треба ли сега јавноста да заклучи дека тој нешто крие?

Момироски е уредник во ТВ Алфа, што е еден од медиумите за кои „Нецензурирано“ тврди (според мене, со уверливи докази), дека добиле милиони евра со сомнително потекло, наменети за антидржавно дејствување! Ова прашање веќе не е само медиумско. Ако некој добива милиони евра за да урива стратешки државни интереси (државна безбедност!), тоа станува прашање за истражните и безбедносните органи на државата. Ова веќе не е играчка. И се разликува од времето кога ние бевме под удар на овие медиуми, додека баравме почитување на човековите права, слобода и демократија. Ние ја баравме државата назад, а некој таму, како што изгледа, ја продавал за да заштити интереси на криминалци. Суштинска разлика, нели?

Колку точно милиони се во прашање? Кои медиуми, кој од тие медиуми и на кој начин ги подигнал и ги потрошил парите? Како се координирала операцијата? Како се спроведувала? – тоа секако се прашања на кои Момироски, односно ТВ Алфа и пајташите од Курир, Нетпрес и Лидер имаат, не само морална (немаат морал), туку и законска обврска да одговорат пред јавноста на која секој ден ѝ пласираат медиумски содржини (добро знаеме какви). Но, бидејќи се работи за наводи за политичко-разузнавачко-медиумска операција, уште поважно е да ги одговорат тие прашања пред соодветни институции. Тоа што тие го правеле, ако се докаже дека се точни наводите во „Нецензурирано“, очигледно има или можело да има сериозни политички и безбедносни импликации.

Затоа, откако Момироски од ТВ Алфа го кажа своето, на ред се институциите што се обврзани да ја чуваат законитоста и безбедноста. Се очекува од Јавното обвинителство и од безбедносните служби да им кажат на граѓанките и граѓаните дали имаат намера да покренат соодветни постапки „по допрен глас“ и да ја расчистат дилемата дали наводите што ги објави „Нецензурирано“ од Словенија се точни или не. Искрено, јас се надевам дека не се точни. Но, по реакциите на Момироски, ништо не е исклучено.

Што се однесува до „храброста на шефот на ЦИВИЛ“ нема што да се коментира. И самиот Момироски и неговите гледачи, кои тој и останатите „куртони“ од петни жили се обидуваат да ги хипнотизираат за големи пари (без ефект), добро знаат за кого се работи, кој ја зборува вистината, а кој ја крие.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СДСМ: Политичката согласност околу содржината на Законот за јавно обвинителство воопшто не е загрозена

НАЈНОВО

Хрватската легенда Дарко Рундек го снима најновиот видео спот во Скопје под режија на Ѓорѓе Јовановиќ

September 9, 2025
Интервју со Кристина Костова

Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

September 9, 2025

„Силјан“ во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар“

September 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • EXIT против Вучиќ, Орце со EXIT – што значи ова за ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: „2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ , македонска музика и добра забава во сабота во Паркот на Франкофонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватската легенда Дарко Рундек го снима најновиот видео спот во Скопје под режија на Ѓорѓе Јовановиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk