ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Реновиран вакциналниот пункт во Поликлиниката во Ѓорче Петров и набавен рендген апарат

На територијата на Скопје исклучително е висок опфатот после епидемијата, после мерките за задолжително вакцинирање пред прием во градинка и почитување на законот за прием на вакцинирани деца во училиштата, кој е над 99 проценти во Скопје и над 95 проценти ширум државата, изјави Филипче.

February 11, 2020 13:42
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реновиран вакцинален пункт е пуштен денеска во употреба во Поликлиниката во Ѓорче Петров, каде е набавен и нов рендген апарат. По тој повод, Поликлиниката денеска ја посетија министерот за здравство Венко Филипче, директорите на Здравствениот дом Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока, како и градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

– Ова е еден исклучителен дел од Здравствениот дом заради тоа што тука циркулираат близу 6.500 деца од целиот овој регион кој брои 130.000 жители од општините Ѓорче Петров, Карпош и Сарај. Во Поликлиниката има кадар кој работи со години наназад. Во овие реновирани простории условите за дечињата се попријатни за да се спроведе процесот на имунизација. На територијата на Скопје исклучително е висок опфатот после епидемијата, после мерките за задолжително вакцинирање пред прием во градинка и почитување на законот за прием на вакцинирани деца во училиштата, кој е над 99 проценти во Скопје и над 95 проценти ширум државата, изјави Филипче.

За неколку дена, потенцира, во Поликлиниката ќе биде ставен во функција и новиот рендген дигитален апарат, со што на жителите на овој регион значајно ќе им биде олеснет пристапот кон оваа услуга за да не мора да одат до ГОБ „8 Септември“, Градската болница или во Клиничкиот центар.  Потенцира дека преку системот „МојТермин“ ќе се скрати времето на чекање и таа услуга многу побрзо може да се добие за сите кои циркулираат во овој дел на градот.

Тој рече дека во периодот кој следи дополнително ќе се зајакне и Службата за Итна медицинска помош (ИМП) со возилата кои ги очекуваат, а се набавени преку Министерството за здравство и преку кинеската помош.

– Тоа се 70 возила кои ќе бидат соодветно дистрибуирани пред се за да се зајакне Службата на ИМП тука во Скопје, но и во сите итни служби и патронажни сервиси ширум државата. Со тоа заедно со мерката за вработување на сите доктори со стаж кој е платен 30.000 денари и тие практично почнуваат со работа непосредно по добивањето на лиценцата од Лекарската комора за што имаат отворен процес на аплицирање и кој како завршува веднаш може да почне согласно местото на живеење. Сериозно зајакнуваат капацитетите на Здравствениот дом Скопје, на сите здравствени домови ширум државата во делот на Итната служба, патронажните сервиси и вакциналните пунктови, додаде Филипче.

Директорот на Здравствениот дом Скопје, Виктор Исјановски рече дека од понеделник почнуваат со реновирање на вакциналниот пункт во Поликлиниката „Јане Сандански“ каде ќе се инсталира нов рендген дигитален апарат, а таму има и компјутер. Посочи дека со Управата разговарале годинава поголем акцент да дадат на поликлиниките Ченто и Драчево и да им се доделат поголем дел од финансиските средства, бидејќи и таму има многу работа.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски истакна дека општината нема надлежност во делот на здравствената заштита, меѓутоа заедно со комуналните служби редовно се одржува Поликлиниката во Ѓорче Петров, дополнително донирале мебел за опремување на детското катче на вакциналните соби, ги смениле дотраените клупи…

– Во соработка со Министерството за здравство и управничката на Поликлиниката стоиме на располагање во рамки на тоа првенствено нашите деца да имаат примарна добра заштита и повозрасните да се чувствуваат пријатно во Поликлиниката, додаде Наумоски.

Директорот на Здравствениот дом Скопје, Бесим Кока рече дека со Министерството за здравство и со општината се обидуваат максимално да обезбедат апаратура за поквалитетна здравствена услуга и здравствените работници да пружат подобра здравствена услуга.

Next Post

Жидан: Северна Македонија направи повеќе од било која земја кандидат за ЕУ

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk