Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ утрово е Марјан Ангеловски, писател на сатира, добитник на награди, кој вели дека нема доволно простор за објавување на сатирични текстови, но дека треба да се биде упорен.
-Почнав во „Остен“, таму имаше рубрики за афоризми и сатира. Имаше конкурс, испратив афоризми и ми ги објавија, па и рубрика ми доделија. Продолжив по фестивали, каде освоив награди. Влегов во сатирата преку афоризмите, почнав да пишувам и драми и да соработувам во тв емисии- вели Ангеловски.
Сега е поголема слободата, но се уште нема доволно простор за овие жанрови, вели Анегеловски.
-На Твитер многу се претерува, ретко објавувам. Во принцип сатирата има црвена линија која не треба да се премине. Некогаш на Твитер оди и под таа црвена линија на навреда. Модерната сатира треба да е послободна од претходно. Знам дека нема доволно простор и се ограничува слободата- изјави Марјан Ангеловски, писател на сатира.