ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

70 години Прилепски театар – Најавено доградба на Домот на културата за потребите на Театарот

Конечно е започната постапката за обезбедување документација што ќе овозможи реконструкција со надградба и доградба на објектот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, а се однесува на потребите на театарот. Со тоа, ве уверувам дека овој талентиран и пожртвуван ансамбл, во скора иднина ќе ги има вистинските услови кои ќе бидат на нивото на нивниот врвен уметнички професионализам, рече Лазовски од матичната сцена на прилепскиот театар честитајќи го големиот јубилеј на ансамблот нагласувајќи дека е еден од најрепрезентативните во земјава и во Регионот и дека кога се зборува за Македонскиот театар, во голем дел се зборува за заслугите на Прилепскиот театар.

February 18, 2020 13:38
in КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со премиерата на комедијата „Лажговци“ во режија на Коле Ангеловски, синоќа на матичната сцена, Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ го одбележа 70-годишното постоење. Публиката со овации за ансамблот и за премиерата го честиташе јубилејот, а заменик-министерот за култура Владимир Лазовски на ансамблот на Театарот му најави дека во скора иднина ќе ги има вистинските услови за работа со надградбата на Домот на културата „Марко Цепенков“.

-Конечно е започната постапката за обезбедување документација што ќе овозможи реконструкција со надградба и доградба на објектот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, а се однесува на потребите на театарот. Со тоа, ве уверувам дека овој талентиран и пожртвуван ансамбл, во скора иднина ќе ги има вистинските услови кои ќе бидат на нивото на нивниот врвен уметнички професионализам, рече Лазовски од матичната сцена на прилепскиот театар честитајќи го големиот јубилеј на ансамблот нагласувајќи дека е еден од најрепрезентативните во земјава и во Регионот и дека кога се зборува за Македонскиот театар, во голем дел се зборува за заслугите на Прилепскиот театар.

-Оваа сцена е драгоцено место кое со генерации се чува и се надоградува. Од почетоците до денес, Прилеп, со бројните заслужни прилепчани кои се дел од втемелувачите на современиот театар, покажа дека има јасно дефинирана оска која овој град со право го бележи како еден од најтеатарските во земјава. Бројни автори имаа шанса, на оваа сцена, да ги реализираат своите проекти со кои, потоа, стигнаа далеку во меѓународни рамки, афирмирајќи го Македонскиот театар меѓу театрите од целиот свет, рече Лазовски.

За Рубин Белчески, директор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во чии рамки работи театарот огромни се успесите на Театарот кој копнее да го врати правниот статус и да добие нов објект во што верува.

– Од сите уметности само театарот е директен посредник со културата. Театарот потребно ни е да биде различен, а нашиот театар низ децениите беше различен. Горди сме што тука праизведби доживеале текстови од македонски драмски автори: Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески Платнар, Трајче крстески, Василе Димески, Петар Петрески. Од 2004 театарот работи во рамките на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Сега има интенција да биде посебен правен субјект, што е и желба на актерите, а другата желба на ансамблот да игра на нова сцена. Верувам дека тоа ќе се случи. Дотогаш им посакувам успех на „штиците што живот значат“, рече Белчески.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, смета дека бројните награди што прилепскиот театар и актерите ги освојувале на домашните и меѓународните фестивали, на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, на „Екс Понто“ во Љубљана на МЕСС во Сараево, го потврдуваат квалитетот на оваа театарска куќа.

-Денеска, 18-те актери од театарот „Војдан Чернодрински“ сочинуваат тим кој во моментов претставува врв во македонското глумиште. Податокот дека претставите на прилепскиот театар во изминатите 70 години ги виделе повеќе од 1,5 милиони луѓе, зборува и за нешто друго: за прилепската публика која го сака и го познава театарот, рече Јованоски.

Актерите со голем ентузијазам и горди на јубилејот ја одиграа премиерата на комедијата „Лажговци“ по текст на Антони Нелсон во режија на Коле Ангеловски кому ова му беше 36 премиера со прилепскиот ансамбл.

Вечер, на денот кога на 18 февруари 1950 година беше одиграна првата претстава во приелпскиот театар „Кир Јања“, помладата генерација актери со групата „The Hounds“ на матичната сцена ќе го изведе музичко-сценскиот спектакл кој според актерите е израз на нивниот сензибилитет и дека уметноста постои и се усовршува, макар и во скромни услови.

До недела, секојдневно во театарот ќе се изведува по една претстава во чест на јубилејот 70 години постоење на прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, власта се фали за својата посветеност и работа

July 13, 2025

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk