Жена од тетовското село Селце, на возраст од 25 години, која од 1-ви јануари била пријавена како исчезната, пред два дена се обидела да влезе во земјава преку граничниот премин „Ќафасан“, соопшти МВР.
Жената била пријавена за исчезната, односно дека се оддалечила од домот, на првиот ден од новата година, а пријавувањето го извршил нејзиниот 41-годишен сопруг.