ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

На СОС телефонот на „Меѓаши“ лани 113 јавувања, нема повици од деца

На СОС телефонот при Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ изминатата година се регистрирани 113 јавувања, што е нешто повеќе од годината пред неа и има тренд на зголемување. Најчесто на телефонот се јавуваат возрасни и нема јавувања од деца. Тоа е показател дека треба поинтензивно да се работи на охрабрување на децата да се јавуваат

February 19, 2020 13:07
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На СОС телефонот при Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ изминатата година се регистрирани 113 јавувања, што е нешто повеќе од годината пред неа и има тренд на зголемување. Најчесто на телефонот се јавуваат возрасни и нема јавувања од деца. Тоа е показател дека треба поинтензивно да се работи на охрабрување на децата да се јавуваат.

Ова денеска на прес-конференција го истакна координаторот на СОС телефонот, Јорданка Черепналкова Трајкоска, која рече дека од 113 јавувања 69 отсто биле од септември до ноември минатата година, а 34 отсто од сите регистрирани случаи се во септември, што се должи на проблемот кој тогаш беше актуелен, а тоа беше незапишани деца во прво одделение заради непримената задолжителна МРП вакцина која беше резултат на одлуката на Владата поради епидемијата со морбили.

– Размислуваме да воспоставиме координација меѓу сите кои сме засегнати и секој да придонесе заради доброто на децата, затоа што и на училиштата, здравствените домови и на центрите, односно сите кои имаат директна или индиректна врска со децата интересот е детето. Почнуваме една таква иницијатива за да видиме кој каде во тој систем може најдобро да придонесе. Подлабок е проблемот, треба поинаку да се пристапи. СОС е само една алатка, истакна Черепналкова Трајкоска на презентацијата на годишниот извештај за работата на СОС телефонот.

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека мал е процентот за постигнување ефикасност во решавање на проблемите и посочи дека можеби треба поинтензивно да работат, со цел со едно јавување, обраќање или интервенција да може да се реши случајот кој може трае подолго време и се инволвирани повеќе чинители, а треба и посистематски и посистемски да се вклучат. Појасни дека институциите одговараат на нивните јавувања.

– Од сите кои ни се јавуваат 74 отсто се Македонци, 19 отсто се Роми, а четири отсто се Албанци. Ова е показател дека треба да преземеме нешто за да ја доближиме СОС линијата до сите останати етнички заедници, додаде Черепналкова Трајкоска.

Претседателот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Драги Змијанац рече дека децата не се јавуваат на линијата најверојатно поради тоа што немаат доверба дека институциите ќе постапат соодветно и многу често по нивни дојави или дописи се случува институциите тогаш дури да се стават во функција во заштита на децата и нивните права.

– Ние колку и да сакаме да ги охрабруваме да се јавуваат децата таа сигурност ја немаат. Во одреден случај е спорна и анонимноста, бидејќи многу често се случува кога сакаме да ја загарантираме анонимноста, државните институции да бараат од нас да го пријавиме дојавувачот, што е спротивно на кодексот на работа на СОС телефонот за деца и млади при Меѓаши. Од 113 случаи на прекршени детски права изминатата година директно биле опфатени 228 деца, истакна Змијанац.

Додаде дека првите пет најчести прекршувања на правата на детето според категоријата на проблемот на кој се однесува дојавата се детската сиромаштија (25 отсто), правото на образование (19 отсто), видување со двајцата родители (11 отсто), семејно насилство (седум отсто) и насилство во воспитно – образовните институции (шест отсто).

Next Post

Костадинов: Законот за ЈО обезбедува резрешница на предметите каде осомничени се функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk