ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Дали Крушопек заслужи да стане Бананапек?

Увозот на 124 тони банани, преку фирмата „Банекс компани“ во кои бил најден кокаинот, можеше овошното име на Круопек да го смени во Бананпек, или Кокаинпек, ако информацијата за количината наркотици (1,3 тони кокаин) беше точна.

February 20, 2020 10:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Акцијата во Крушопек, за заплена на банани, пардон кокаин, место со официјални информации, стана главна тема, потпирајќи се само на брифери од МВР.

Крушопек, преку ноќ стана центар на наркопазарот, ако им се веруваше на првите брифинзи, дека токму таму, запленети се 1,3 тони кокаин.

Кога се запленува толкаво количество кокаин, тоа е вест во цел свет, иако најчесто толкави количини кокаин се пресретнуваат во егзотичните карипски земји.

Увозот на 124 тони банани, преку фирмата „Ванекс компани“ во кои бил најден кокаинот, можеше овошното име на Крушопек да го смени во Бананпек, или Кокаинпек, ако информацијата за количината наркотици (1,3 тони кокаин) беше точна.

Но, имајќи предвид дека количината експресно се намали на 1,3 килограми, (до официјалниот прес на МВР може и ќе се намали), Крушопек и понатаму ќе си остане со истото име.

Ваквите какофони информации им беа добредојдени на политичарите, кои се загреваат за големата предизборна битка. Па, имајќи предвид дека сме со техничка влада, каде се измешани министри и заменици-министри од власта и од опозицијата, се побрза да се глорифицира способноста на техничкиот министер Наќе Чулев, кој две недели мака мачи со недостиг на обрасци за пасоши, а тој да ти бил насочен кон спроведување на вака голема акција, со која не можат да се пофалат ни мексиканските и американските негови колеги.

За значењето на количината дрога, но и способноста на Чулев, придонесе и неговиот сопартиец, Илија Димовски, кој побрза на Фејсбук (оти така кај нас се информираме – од социјални мрежи) да напише дека во три години власт на СДСМ не сме слушнале дека е запленет ниту еден килограм кокаин…

„Денес МВР заплени 1,3 тони…

Најголема количина било кога запленета во РМ…

Слепи ли биле? Или…?, напиша Илија Димовски на Фејсбук.

Се јави и Чулев, но штуро, без никакви информации, во тек на операцијата, па напиша (и тој на фејсбук) дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности“.

-По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога. Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден, напиша Чулев на Фејсбук.

Тој не пропушти на акцијата да ѝ даде политички шмек, па на Фејсбук допиша дека „Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата“.

Акцијата во Крушопек, инстантно беше поврзана со апсење во Италија, каде Албански државјанин бил задржан поради наводен шверц на кокаин од 2018 година, а тежината на дрогата беше иста како онаа во Крушопек. Сепак, повторно бриферите за повеќе медиуми подоцна допрецизираа дека не се работи за 1,3 тони кокаин во Крушопек, туку за еден килограм, како дел од тонската дрога во Италија. Но, до утрово и тој бриф се изјалови, па се вели дека кокаинот од Крушопек нема никаква врска со оној од Италија.

Последните информации, пред прес-конференција на МВР велат дека преку Албанија во Македонија пристигнала дрога, а полицијата пронашла килограм кокаин, кој бил дел од поголема пратка од 1,3 тон кокаин. Увозник на бананите била компанијата „Банекс“ од Крушопек, специјализирана за увоз на овошје и зеленчук. Во акцијата биле вклучени и црногорската и италијанската полиција.

Бананите биле натоварени на мексиканското пристаниште Веракруз, а за пратката од 124 тона банани биле платени 40.460 долари, брифираат повторно полициски извори.

Апсењето кај Порденоне, во северна Италија, и акцијата во селото Крушопек, општина Сарај, не се поврзани, вели за „360 степени“ упатен полициски извор. Дел од медиумите во земјава вечерва ги доведоа во врска двата случаи.

Повеќе италијански медиуми известуваат дека вчера во рутинска контрола кај Порденоне, во северна Италија, полицијата легитимирала возач и двајца патници на „БМВ“, за кои се покажало дека се државјани на Албанија. По дополнителните проверки, името на едниот од нив, 42-годишник, се појавило на листата на лица што се бараат со потерница.

Сепак, полициски извор за „360“ демантира дека станува збор за заплена на ,3 тони кокаин, туку се работи за запленет еден килограм кокаин, пратка чие движење било контролирано од италијанската полиција. Дрогата пристигнала заедно со банани, кои биле внесени во земјава со три камиони и истоварени во магацин во Крушопек. Камионите влегле во Македонија од Албанија, а таму од Црна Гора.

Останува, да почекаме во теков на денов, МВР да излезе на прес-конференција, па официјално да дознаеме колку дрога била запленета во Крушопек синоќа, дали е дел од италијанската дрога, кој е приведен, била ли успешна и колку полициската акција, и дали на Крушопек ќе му остане името, а нема да стане Бананапек.

Во овие моменти, пристигна покана од МВР дека денеска 20.02.2020 (четврток) во 12.30 часот во Министерството за внатрешни работи, министерот Наќе Чулев ќе одржи прес-конференција. Ги покануваме заинтересираните медиуми да присуствуваат.

Билјана Богдановска

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk