ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинителството ќе ги провери наводите на министерот Чулев

Надлежниот јавен обвинител поднесе барање до Владата за обезбедување на потребните податоци и писмени докази кои се однесуваат на наводите на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, дека се поништени негови решенија.

February 20, 2020 11:11
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје ќе ги провери наводите на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кои беа изнесени вчера, а се однесуваат на одржаната седница на Владата на 15-ти овој месец и на донесената одлука за поништување на негови решенија, за да утврди дали има неправилности кои би упатиле на извршено кривично дело кое се гони по службена должност.

Со таа цел, како што информираат од Обвинителството, надлежниот јавен обвинител поднесе барање до Владата за обезбедување на потребните податоци и писмени докази кои се однесуваат на наводите.

Претходно, до Основното јавно обвинителство Скопје од страна на дополнителниот заменик на Министерот за внатрешни работи беше поднесена кривична пријава против техничкиот министер на Министерството за внатрешни работи за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 и Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот законик. Пријавата се однесува на донесената телеграма од 08.01.2020 година од страна на техничкиот министер со која се известуваат раководителите на организациони единици во МВР дека решенијата за распоредување потпишани од поранешниот министер за внатрешни работи кои не се врачени не треба да им се врачуваат на вработените на кои се однесуваат.

Во поглед на оваа кривична пријава, надлежниот јавен обвинител издаде наредба да се направат проверки до Министерството за внатрешни работи, до техничкиот министер и до дополнителниот заменик на министерот од кои се бара да достават релевантни податоци и да приложат писмени докази.

И во двата предмета, во зависност од доставените податоци и докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе одлучи согласно Законот за кривична постапка.

Next Post

(ВИДЕО) Најбогатата партија во Европа, со седиште од неколку милиони има долг од 8 милиони евра и се спрема за стечај?

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk