ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

По изборите трансфер на вработени од јавен во приватен сектор

Заради предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април годинава, појасни, со закон е забрането да се прави какво било преместување на вработени.

February 20, 2020 13:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на префрлање на вработени од јавен во приватен сектор ќе почне по завршување на изборите затоа што во предизборниот период се забранети какви било разместувања во администрацијата, најави денеска министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарско прашања.

Тој вели дека ќе го разгледаат предлогот на Конфедерацијата на слободни синдикати парите што државата планира да ги исплати на бизнисмените кои ќе преземат административци да се дадат на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и да се донесе закон за предвремено пензионирање со што би се намалил бројот на администрацијата.

– Предлогот на КСС ќе го разгледаме, досега биле повикувани на бројни средби каде не го презентирале, но ќе го разгледаме и соодветно ќе одговориме, рече Манчевски на прес-конференција во Владата.

Заради предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април годинава, појасни, со закон е забрането да се прави какво било преместување на вработени. Пакетите ги дефиниравме, ги презентиравме во јавноста, веднаш по завршување на изборите ќе започне тој процес. Малку друга е интенцијата  на овие предлози затоа што еве и покрај состаноци на темата во тек на половина година, сега излегува некој предлог. Во ред, ќе го разгледаме, како што и секогаш кажуваме, отворени сме за сите предлози, рече Манчевски.

Како што потенцираше, во предизборниот период не може да се спроведуваат ниту резултарите од законските анализи,  како што е функционалната анализа за инспекторатите. Се уште не е завршена функционалната анализа со којашто треба да се изврши  целосна реорганизација на институциите.

– За да се смени нешто во која било институција, односно да се спои, укине и воведе нова треба да се измени  Законот за организација на органите во државната управа, кој се носи со  двотретинско мнозинство, а потоа ќе се усогласуваат и поединечни закони, потсети Манчевски.

Тој пред еден месец имаше средба со претставниците на синдикатите  за петте модели на можна реорганизација на вработените во јавната администрација.

Едниот предлог е трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор, со тоа што приватната фирма би понудила повисока плата за вработените, а државата во одреден временски период би ги плаќала придонесите.  Во опција се и пакети за преквалификација на вработените од јавниот во приватниот сектор, во согласност со потребите што ги доставиле претставниците на приватниот сектор, стопанските комори и Агенцијата за вработување. Има пакет и за испратнина по сопствена волја на вработени што сакаат да го напуштат јавниот сектор, како и предлог за преквалификација за внатрешни потреби и внатрешна реорганизација.

Next Post

Јадел леб и паштета, наместо стек од бизон, срна во сос. Клошар?!

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk