ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Реконструкција на Старата чаршија во Прилеп

Градоначалникот Јованоски информираше дека со реконструкцијата на Старата чаршија, постојните травертински плочи ќе бидат заменети со гранитни плочи, сите жици и кабли од кабловските оператори ќе бидат сместени во подземни инсталации, фекалната канализација ќе биде комплетно реконструирана, а ќе се изгради и нова атмосферска канализација. Согласно идејниот проект, после завршувањето на реконструкцијата, нема да се дозволи повторно монтирање на постојните застаклени делови од кафетериите.   Исто така, ЈКП „Водовод и канализација“ ќе изврши бесплатна замена на постојната водоводна мрежа стара преку 70 години

February 20, 2020 16:53
in РЕПУБЛИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, заедно со претставници на ЈП за ПУП и ЈКП „Водовод и канализација“, одржа неформална средба со сопствениците и закупците на дуќани во Старата чаршија.

Целта на средбата беше презентирање на идејното решение за реконструкција на Старата прилепска чаршија и собирање мислења, предлози и идеи од дуќанџиите, во функција на изнаоѓање на најдоброто решение во интерес на сите засегнати страни.

Со проектот ќе бидат опфатени улиците „Републиканска“, на потегот од аптеката „Зегин“ до раскрсницата со „Борка Талески“ и дел од „Херој Карпош“.

Градоначалникот Јованоски информираше дека со реконструкцијата на Старата чаршија, постојните травертински плочи ќе бидат заменети со гранитни плочи, сите жици и кабли од кабловските оператори ќе бидат сместени во подземни инсталации, фекалната канализација ќе биде комплетно реконструирана, а ќе се изгради и нова атмосферска канализација. Согласно идејниот проект, после завршувањето на реконструкцијата, нема да се дозволи повторно монтирање на постојните застаклени делови од кафетериите.

Исто така, ЈКП „Водовод и канализација“ ќе изврши бесплатна замена на постојната водоводна мрежа стара преку 70 години, за зголемување на безбедноста на објектите ќе се постави видео надзор, а значително ќе се подобри и осветлувањето. Градоначалникот Јованоски истакна дека во зависност од временските услови, комплетната реконструкција ќе заврши за 75 до 90 дена, а за целото време на изведување на работите, дуќанџиите и купувачите ќе имаат пристап до дуќаните.

После презентацијата, следуваше отворена дебата во која сопствениците и закупците на дуќани во Старата чаршија, се вклучија со свои предлози. На нивно барање, договорено е реконструкцијата да започне на крајот на август, односно почетокот на септември оваа година. Тие побараа од градоначалникот да биде направен добар оперативен план, да инсистира градежните работи да се одвиваат ефикасно и да се запази планираниот рок на изведба, со цел да не им се нанесе штета во нивното функционирање.

На средбата беа дадени повеќе идеи како да се реши прашањето со паркирање на возилата и одржување на хигиената во чаршијата и како да се подобри пристапноста до дуќаните.

Истовремено, градоначалникот Јованоски го прифати предлогот, во договор и со дозвола од Завод и Музеј, да се реновираат и унифицираат фасадите на дуќаните.

На крајот на презентацијата на проектот за реконструкција на Старата чаршија, кој наиде на широка поддршка од дуќанџиите, беше договорено пред почетокот на градежните работи, да се оствари најмалку уште една ваква средба во истиот состав.

Next Post

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk