Некогаш најбогатата партија во Европа, успеа да направи 8 милиони евра долг. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, вели дека покрај тоа што партијата има замрзнат имот, со којшто не може да располага, во моментов ВМРО-ДПМНЕ е најзадолжена политичка партија во Македонија и дека долгот надминува сума од скоро 8 милиони евра. Но, и покрај тоа што сме најзадолжена партија, на некој начин сме горди на тоа, вели Николовски.
ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа, со седиште од неколку милиони евра во центарот на градот има долг од 8 милиони евра и се спрема за стечај? Ова е пример за расипништво, оваа партија не смее да води држава. Дали сакаат да дојдат на власт и да ја спасуваат партијата од стечај со државни пари? се вели во Фејсбук статусот од СДСМ.