ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против купување сопствена механизација за РЕК Битола

а известуваме јавноста дека предметната јавна набавка се однесува на купување сопствена помошна механизација за РЕК Битола, со која комбинатот ќе почне да ја намалува својата потреба од ангажирање надворешни фирми. Доколку тоа не им одговара на ВМРО ДПМНЕ би требало тоа јавно да го соопштат и исто така да кажат од кои причини не го поддржуваат опремувањето на РЕК Битола со своја механизација. Јавната набавка е објавена уште пред два месеци од страна на претседателот на владата и од генералниот директор на АД ЕСМ, што ја покажува важноста и сериозноста на проектот, и нејасно е зошто лицето во овој момент зборува за истата

February 22, 2020 17:35
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Лицето Ивица Томовски кое е вработено во Елемтурс и кое држи прес конференции против фирмата од каде зема плата, треба да и соопшти на јавноста за која јавна набавка зборува во неговата денешна изјава, велат во соопштението од АД ЕСМ.

„Ја известуваме јавноста дека предметната јавна набавка се однесува на купување сопствена помошна механизација за РЕК Битола, со која комбинатот ќе почне да ја намалува својата потреба од ангажирање надворешни фирми. Доколку тоа не им одговара на ВМРО ДПМНЕ би требало тоа јавно да го соопштат и исто така да кажат од кои причини не го поддржуваат опремувањето на РЕК Битола со своја механизација.

Јавната набавка е објавена уште пред два месеци од страна на претседателот на владата и од генералниот директор на АД ЕСМ, што ја покажува важноста и сериозноста на проектот, и нејасно е зошто лицето во овој момент зборува за истата.

Набавката е на самиот крај и се очекува до крајот на месецот да се избере и најдобриот понудувач од 12-те пријавени фирми, кои се светски познати во својата област и во областа на производство на механизацијата која се побарува.

Технички дијалог, испитување на пазарот и сите потребни анализи за оваа набавка се направени минатата година, во рамките на веќе еднаш распишан тендер за истата намена. По него следуваше распишување јавна набавка според новиот закон, кој овозможува да се набави механизација која ќе биде квалитетна и која ќе трае долго време, односно која со години ќе го опслужува процесот на ископ на јаглен во РЕК Битола.

Доколку зад прес-конференцијата на ВМРО ДПМНЕ стојат дезинформации лиферувани од незадоволни економски оператори, тоа само покажува дека на партијата и на дел од економските оператори не им одговара што сега не се фаворизираат понудувачи, туку се цени исклучиво понудата која секој понудувач ја дава, за разлика од случаи кои се евидентирани во минатото и за кои дури има и судски пресуди, во времето кога ВМРО ДПМНЕ раководеше со компанијата.“, се вели во соопштението

Next Post

Дием25: ЕУ треба да стане област на заеднички просперитет, мир и солидарност за сите Европејци

Shortcut

Најново

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk