Паричникот кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сакаше да му го подари на Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на крајот од ТВ-дуелот во петокот, вреди 440 долари, објави „Фокус“, и најблиску од каде што може да се нарача е и унгарската престолнина Будимпешта, пренесува Фактор.
Аксесоарот „Луј Витон“, доколку е оригинал, не е купен од Македонија, бидејќи во нашата земја официјално, нема продавници од овој луксузен моден бренд, пишува „Фокус“.
Мицкоски со овој подарок алудираше дека Заев е вмешан во случајот „Рекет“, а тој не го прифати бидејќи, како што рече, тоа не било во духот на помирувањето.
Будимпешта е најблиската локација каде што се продава паричникот, а на други локации во регионот се продава во Атина, соседна Грција и во Италија, и тоа во овластените продавници на модниот гигант во Рим, Бари, Непал и на островот Капри. Во соседна Србија, Бугарија, Хрватска… го нема на продажба.
Доколку пак станува збор за фалсификат на познатиот бренд, познато е дека токму чантите и паричниците на ,,Луј Витон” се едни од најкопираните во светот.
Од други локации во регионот се продава уште во Атина. Во соседна Србија, Бугарија, Хрватска…го нема на продажба.