ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Лекарска комора: Јавна опомена и отворање постапка пред Судот на честа за докторката Нина Цаца Билјановска

Лекарската комора остро ја осудува постапката и однесувањето на доктор Нина Цаца Билјановска, поради тоа што со непочитување на препораките за домашна самоизолација, кои важат за сите граѓани кои доаѓаат од високо ризични земји за пренесување на корона вирусот, предизвикала морално-етичка и правна одговорност.

March 11, 2020 14:37
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Јавна опомена на доктор Нина Цаца Билјановска и барање да се поведе постапка пред Судот на честа при Лекарската комора, кој е единствен независен и надлежен орган на Комората што може да расправа за одговорноста на лекарите за сторена повреда на Кодексот на медицинската деонтологија и да носи одлуки за евентуално привремено или трајно одземање на лиценцата за работа.

Ова е заколучокот од одржаната вонредна седница на Извршниот одбор и Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора на Република Северна Македонија, на која е расправано за етичкиот аспект на однесувањето на доктор Нина Цаца Билјановска, која откако се вратила од Италија, спротивно на препораките, продолжила со извршување на работните задачи и цела недела одела на работа.

– Лекарската комора остро ја осудува постапката и однесувањето на доктор Нина Цаца Билјановска, поради тоа што со непочитување на препораките за домашна самоизолација, кои важат за сите граѓани кои доаѓаат од високо ризични земји за пренесување на корона вирусот, предизвикала морално-етичка и правна одговорност. Етичките принципи на хуманост и почитување на личноста и животот го обврзуваат докторот на медицина со своето однесување да води грижа, а не да им наштетува на своите колеги и пациенти, како и да биде спремен да преземе одговорност за своето постапување, не само спрема пациентите и колегите, туку и спрема заедницата во целина, се вели во соопштението од Лекарската комора на РСМ.

Од Лекарската комора уште еднаш апелираат до докторите на медицина и до сите здравствени работници да се однесуваат како што доликува на докторската професија – професионално, одговорно и разумно, како и во целост да ги почитуваат дадените препораки, упатства и насоки од Владата на Република Северна Македонија со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

Next Post

Бундалески: Спиев 48 дена на земја, немаше каде, само што дојде некој поважен од мене и пак ме избркаа на земја

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk