ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народната банка со нови одлуки за поддршка на економијата

Советот донесе одлука за изменување на Одлуката за задолжителната резерва, со која, Народната банка повторно ја става во функција нестандардната мерка кај задолжителната резерва, со која се овозможува намалување на основата за обврската на задолжителната резерва во денари на деловните банки за износот на  новоодобрените и реструктуираните кредити одобрени на претпријатија во дејности коишто согласно со информациите од Владата на Република Северна Македонија ќе бидат  најпогодени од ширењето на ковид-19.

March 18, 2020 10:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Народната банка одржа вонредна седница на која во согласност со своите надлежности донесе неколку одлуки, коишто се во насока на ублажување на потенцијалните неповолни ефекти врз економијата, предизвикани од појавата на новата вирусна инфекција.

Советот донесе одлука за изменување на Одлуката за задолжителната резерва, со која, Народната банка повторно ја става во функција нестандардната мерка кај задолжителната резерва, со која се овозможува намалување на основата за обврската на задолжителната резерва во денари на деловните банки за износот на  новоодобрените и реструктуираните кредити одобрени на претпријатија во дејности коишто согласно со информациите од Владата на Република Северна Македонија ќе бидат  најпогодени од ширењето на ковид-19. Се очекува мерката да има поттикнувачко дејство за непречена кредитна поддршка по поволни услови од страна на банките за најпогодените сектори.

Донесена е одлука за изменување на Одлуката за методологијата за управување со ризиците с која се одложува рокот во кој банките треба да го достават првиот Извештај за процесот на утврдување интерна ликвидност, со што, наместо до 31 мај, оваа обврска ќе треба да се исполни до 30 септември 2020 година. Со ова регулаторно олеснување, како што наведуваат од Наодната банка, на банките и на нивните тимови им се остава простор за поголема фокусираност на обезбедувањето кредитна поддршка на корпоративниот сектор и на населението, како и на одржување на квалитетот на кредитното портфолио.

Советот донесе одлука за изменување и дополнување на Одлуката за единствената тарифа на надоместоците за услугите што ги врши Народната банка со којашто се укинуваат провизиите што досега се наплатуваа за подигање и враќање на готовината во централниот трезор на Народната банка. Со ова се елиминираат сите трошоци за подигнување и враќање на ефективни пари. Ваквите промени се во насока на поддршка на процесот на управувањето со готовината, на начин којшто ги минимизира евентуалните ризици од пренесување на заразата преку овој канал.

Во понеделникот, на седницата на Комитетот за оперативна монетарната политика на Народната банка беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка на нивото од 1,75 отсто, што, според Народната банка, треба да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките.

-Народната банка ќе продолжи со голема внимателност да го следи развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето, и нивните ефекти врз домашната економија, заради соодветно приспособување на политиките и адекватна и навремена реакција, стои во соопштението.

Next Post

(ВО ЖИВО) Прес за економските мерки на Владата на РСМ за справување со ситуацијата со корона вирусот

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk